Мирослав Масин: Подобро слободен на гранка, со птиците и мајмуните, отколку заглавен во системот

На 26 ноември 2019 година во ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), беше отворена изложбата „Подобро на гранка одошто заглавен во лифт“ на академскиот сликар Мирослав Масин. Во очи на самата изложба, неколку дена пред отворањето, тој гостуваше во емисијата „Астрорум“ во книжарницата „Литература.мк“. Секогаш свој, и во уметноста и во животот им пркоси на стереотипите. Непоправлив хедонист кој ги крши правилата со тоа што живее по свои закони, законите на љубовта, емпатијата и уметноста.
Мирослав Масин е македонски сликар, роден во 1963 година во Ниш. Тој дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, отсек сликарство во Скопје, во 1988 година.

Член е на ДЛУМ, и во периодот од 2000 до 2001 година бил претседател на ДЛУМ. Бил на студиски престој во Велика Британија, Франција и Чешка. Покрај самостојни изложби, Масин учествува во инсталации и перформанси, во видеоспотови, а негов е сценскиот дизајн на три претстави: во 1993, 1994 и во 2013 година, на мјузиклот „Пенелопе Икс“.

Започнувајќи со самостојни изложби во 1988 година, Мирослав Масин досега остварил повеќе од педесет во земјава и во странство, меѓу кои во: Џенова, Париз, Стразбур и Мајен во Франција, Берлин, Лондон, Белград, Сараево, Зрењанин, Подгорица, Љубљана, и на други места. Масин изработил триесетина инсталации и перформанси, меѓу кои: „Мајмун-човек-мајмун“ (1986, Стара чаршија, Скопје), „Кафез“ (1992, КИЦ, Скопје), „Мајмун-човек-банана“ (1995, КИЦ, Скопје), „Миро и Емил“ (1997, Зоолошка градина, Скопје), „Цивилизација“ (2000, Чимелице, Република Чешка), „Три желби“ (2005, Зоолошка градина, Скопје),„City Point“ (2009, Нирнберг, Германија) и други.

На 15 октомври 2014 година, во галеријата на „Младинскиот културен центар“ во Скопје била отворена негова самостојна изложба, насловена како „Ашанте“ („Enchante“), а истата била поставена и следната година во Нишкиот културен центар. Оттогаш па наваму, Мирослав Масин е актуелен и со неговото сликање на сѐ што го опкружува, а кое на јавноста ѝ го прикажа оваа година на изложбата насловена „Од кујната на Миро Масин“, која опфати 52 дела од разни циклуси создадени во претходните неколку години. Со последната, актуелна изложба во МАНУ, тој му се наврати на насловот на неговата монографија издадена 2014 година по повод 23,5 години од неговото творештво „Подобро на гранка, одошто заглавен во лифт“, сметајќи го за наслов кој ја означува неговата животна филозофија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.