Промоција на „Патека од кикиритки“ од Ана Аврамоска Сиљаноска

На 28 ноември (четврток) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, со почеток во 18.30 часот, ќе се одржи промоција на книгата за деца „Патека од кикиритки“ на авторката Ана Аврамоска Сиљаноска. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 14 куси раскази наменети за деца од претшколска и рана школска возраст. Приказните во оваа книга се случуваат во едно мало скришно и магично место за кое не чул речиси никој, а уште помалку се оние што го имат видено. Тоа место се вика Омвил.

Омвил е колку обичен – толку необичен. Колку е стварен – толку измислен. Во омвил и во неговата околина – и на сонце и под сенка – но и зад секоја врата, во секоја соба, во секое ќоше, има по некоја чудна приказна…

Ана Аврамоска Сиљаноска е родена 1989 година во Кичево. Покрај формалното образование, уште од најрана возраст покажува наклоност кон уметничкото изразување низ многу различни медиуми, а најмногу низ визуелните и наративните. Зад себе има неколку групни и четири самостојни изложби на уметнички фотографии во земјата и во странство и бројни мултидисциплинарни соработки со многу уметници ширум светот во најразлични визуелни формати. „Патека од кикиритки“ е прва нејзина самостојна книга.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.