Номинација за blog.literatura.mk на изборот „Сајт на годината 2019“

 

По успехот – прво место во категоријата за најдобар блог за 2018, и оваа година blog.literatura.mk повторно е номиниран на изборот „Сајт на годината“. Имено, нашиот блог е еден од кандидатите во категоријата за најдобар блог во 2019 година. Покрај блогот номинирани се и нашите сајтови: Literatura.mk, Libi.mk, resursi.literatura.mk и obrazovanie.literatura.mk во неколку категории. За Сајт на годината 2019 номинирани се: Literatura.mk и Obrazovanie.literatura.mk, за е-трговија и огласи – Literatura.mk и за Најдобар сајт за образование, наука и култура: Obrazovanie.literatura.mk, Libi.mk, Literatura.mk и Resursi.literatura.mk
Вашите гласови може да ги дадете на веб-страницата „Сајт на годината“ (на следниот линк http://sajtnagodinata.mk/pages/site_votes/app_for_vote.php), каде што треба да се пријавете со вашата е-адреса, потоа отворете ја вашата електронска пошта каде што ќе пристигне линк за гласање. Од линкот можете да гласате само еднаш. Гласањето од интернет посетителите ќе трае заклучно со 11.12.2019. Секој интернет-посетител може да распредели по 10, 6 и 2 поени во три категории.
Прогласувањето на најдобрите сајтови за 2019 година ќе се одржи на 17.12.2019 (вторник) во просториите на Europe House Skopje (ЕУ Инфо Центар) во 18 часот.
Слецијализираниот блог за љубителите на пишаниот збор, blog.literatura.mk, кој четири години е во постојана потрагата по интересни содржини и ширењето на мисијата за читање на литературата, досега неколку пати има освоено награда во категоријата за најдобар блог на изборот „Сајт на годината“. Минатата година триумфира на првата позиција, во 2016 и 2017 година беше на второ место за најдобар блог, а во 2014 на третата позиција.

 


„Сајт на годината“ е манифестација која по десети пат во Македонија ги избира најдобрите веб-сајтови во повеќе категории. Манифестацијата е организирана од „Медија солушнс“ (Media Solutions) и системот за онлајн реклами „Кип ан ај“ (Keep An Eye), а под покровителство на Град Скопје, ИАБ Македонија и Министерството за информатичка технологија.
Избор за Сајт на годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.