Бисера Чадловска: Му се вратив повторно на музичкото училиште за да бидам диригентка

Во ова издание на емисијата „Астрорум“ гостуваше нашата реномирана диригентка и актуелна уметничка директорка на Националната опера, Бисера Чадловска. Во интервјуто открива многу аспекти на нејзиниот професионален развој, но и за дилемите дали да продолжи со музиката. Но, откако решила повторно да ù се врати на првата љубов, немало повеќе двоумења дали да биде диригентка или нешто друго.
Чадловска, која неодамна ја доби престижната награда „13 Ноември“, што ја доделува Град Скопје за континуирано успешно творештво во областа на музичката уметност, е родена во 1978 година во Скопје. Нижото и средно музичко училиште го завршува во МБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Скопје. Во 1996 година по завршувањето на средното музичко училиште се запишува на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот оркестарско диригирање во класата на професорот Фимчо Муратовски. Дипломира во 2001 година. По дипломирањето се запишува на пост-дипломски студии по симфониско и оперско диригирање на Државната музичка академија во Софија.


По завршувањето на студиите почнува да работи како хор-мајстор во Македонската опера и балет. Набрзо почнува да напредува и да асистира во подготовките на сите нови премиери на сцената на МОБ. По неколку години работа како хор-мајстор и асистент диригентка, ја добива својата прва премиера „Таен брак“ од Доменико Чимароза, со која се отворило „Скопското лето“ во 2005 година. Како резултат на работата на оваа опера добива стипендија од фондацијата CEE Eastern Musiktheater, со што и се овозможува посета на семинари и настап со оперскиот оркестар од Темишвар, Романија. Потоа се редат голем број претстави од репертоарот на МОБ. Се докажува како оперска и балетска диригентка и денес го диригира скоро целокупниот репертоар на сцената на МОБ.


Во репертоарот на Бисера Чадловска се наоѓаат дел од најпознатите и најкомплексни дела од оперската и балетска литература, оперите „Травијата“, „Риголето“, „Севилскиот бербер“, „Кармен“, „Волшебната флејта“, „Лилјакот“, „Кавалерија Рустикана“, „Паљачи“, „Моќта на судбината“, „Свртување на штрафот“, „Јованче и Марика“, „Набуко“, „Турандот“, „Веселата вдовица“, „Војвотката на чардашот“, „Рита“, „Кантатата“, „Кармина бурана“ и уште голем број други опери како и балетите „Жизел“, „Есмералда“, „Шехерезада“, „Дон Кихот“, „Лебедово езеро“ и „Рајмонда“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.