Промоција на „Дното се стеснува“ од Кирил Бисероски на 21 ноември во „Литература.мк“

На 21 ноември (четврток) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на збирката поезија „Дното се стеснува“ од Кирил Бисероски. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е поделена на пет тематски целини, кои содржат вкупно 88 песни.
Иако „Дното се стеснува“ е дебитантско поетско (и, воопшто, книжевно) остварување на филозофот Кирил Бисероски и иако една од песните е веројатно посветена на Радован Павловски, голем дел од стиховите во оваа книга како да немаат свои претходници – или, барем, како тие да не твореле на јазикот на кој се напишани песните од оваа збирка. Водејќи се според сугестијата на Вордсворт од предговорот кон „Лирските балади“, Бисероски умешно ги претвора во предмет на својата уметност и „најтуѓите откритија на хемичарот, ботаничарот или минералогот“ и, елегантно ракувајќи со иронијата, парадоксот и полуримата, успева околу нив да обликува еден особен есхатолошки светоглед, кој – иако навидум составен од ограничен број на контрапунктни слики (ноќ/светлина, потоп/пролет, небото како тло и обратно) / оддишува со свежина и меморабилност на речиси секоја страница.
Кирил Бисероски е роден 1984 година во Прилеп. Средно образование завршил во Битола, а високо (Филозофски факултет – група филозофија) во Скопје. Живее и работи во Прилеп. Коавтор е на една студија од областа на здравството и повеќе преводи. Објавувал поезија и теоретски статии во неколку списанија и интернет-портали.
Промотор на книгата ќе биде писателот Иван Шопов.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.