Топ 5 изданија од нашите полици со љубов за Скопје

Денеска се одбележуваат 75 години од ослободувањето на Скопје. Имено, на 13 ноември 1944 година борците од 42. и 50. народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. македонска бригада го ослободиле Скопје од германската фашистичка окупација. По ослободувањето градот брзо се развива и станува индустриски, културен и административен центар.
По тој повод, градот секоја година со низа манифистации го одбележува овој ден и им оддава почит на паднатите борци и признание на сите оние кои несебично и храбро се бореа со окупаторот. На овој датум традиционално се доделуваат престижните награди „13 Ноември“, во повеќе категории на заслужни граѓани и институции. Годинава во областа на публицистиката престижното признание го добива фотографката Ерина Богоева за монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963 ‒ 1990)“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Со оваа книга ја почнуваме листата со топ 5 изданија од книжарниците „Литература.мк“ со кои ја одбележуваме 75-годишнината од ослободувањето на Скопје.

1. „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963 ‒ 1990)“ од Ерина Богоева

Монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963 ‒ 1990)“ од Ерина Богоева содржи осумдесетина фотографии со објекти изградени по скопскиот земјотрес. Модерната архитектура претставува основна тематска преокупација во овој циклус фотографии на Богоева. Во нејзиниот фокус се 30 објекти создадени во втората половина на дваесеттиот век, меѓу кои: Управата за хидрометеоролошки работи, Телекомуникацискиот центар, Градски ѕид (блоковите и кулите), студентскиот дом „Гоце Делчев“, Домот на Армијата, Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ и други. Гледано од архитектонска перспектива, Богоева нè навраќа на најважниот период од историјата на развојот на градот – периодот на интензивната постземјотресна обнова.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

2. Стара железничка станица, Скопје (нотес)

Старата железничка станица, која денес е Музеј на град Скопје, претставува симбол на скопскиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталниот момент во 5 часот и 17 минути изутрина. Непосредно по земјотресот, претседателот на СФРЈ, Јосип Броз ‒ Тито, изјавил: „Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност“.
Овие букви беа изработени од стиропор и закачени на старата железничка станица како меморијал за солидарноста во изградбата на постземјотресно Скопје.
Инаку, старата железничка станица во Скопје почнала да се гради во 1937 година, а била пуштена да работи во 1940 година. Направена е на истото место каде што се наоѓала железничката станица, изградена 1873 година, кога и бил воведен железничкиот сообраќај во Македонија. Железничката станица, чии остатоци може да се видат и денес, е најубава на Балканот во тоа време. Денес таа е пренаменета во музеј.
Нотесот е достапен за нарачка на следниот линк.

3. „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ ‒ Владимир Плавевски

Книгата „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски, која содржи носталгични и емотивни реминисценции од старо Скопје, беше промовирана лани на годишнината од скопскиот земјотрес. Со неа старите скопјани ќе се потсетат на градот пред земјотресот, а новите генерации ќе дознаат каков бил некогашниот маалски живот. Скопската населба Ново маало, за жал или за среќа, сè уште постои и е речиси иста и непроменета како и пред седумдесет години – времето кога расказите содржани во оваа книга биле реалност. Ново маало своевремено било центар на светот за новомаалците, микрокосмос од кој почнува и завршува сè. Таму се зборувал локален, маалски јазик и имал свое наречје, различно од тоа на соседните маала, поради што неретко луѓето не се разбирале меѓусебно. Маалската гордост ја чувале маалските банди, секогаш закрвени со тие отспротива. И покрај скудниот начин на живот, маалските улици ечеле од детскиот џагор и нивните необични игри. Во оваа збирка ќе ги прочитате носталгичните и емотивни реминисценции за едно одамна минато време и за едно невино детство изгубено во маалскиот амбиент.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

4. „Кучешки приказни од Тафталиџе 1“ ‒ Јасмина Кантарџиева Димков

Приказната во книгата за деца „Кучешки приказни од Тафталиџе 1“ од Јасмина Кантарџиева Димков е сместена во една од најпознатите скопски населби изградени по земјотресот во 1963 година. Тафталиџе е симбол на солидарноста на светот по оваа катастрофа. Изградена е со монтажни куќи – донации од Чехословачка, Финска, Полска, Норвешка, Швајцарија, Италија, Мексико, Франција… Во нивна чест се именувани и улиците во ова населено место. Во книгата на Кантарџиева Димков во Тафталиџе 1 владее вистинска животинска хармонија. Ја одржуваат другарствата помеѓу маалските кучиња. Некои од нив се расни и имаат дом, а другите се миленици на улицата и за нив се грижат повеќе родители (најчесто деца). И ги има секакви: големи, мали, дебелки, слабички, брзи, бавни, болникави (ама не страшно, туку само склони на настинки)… а што е поважно – секое од кучињата има свој уникатен карактер. Животот во Тафталиџе 1 тече мирно и безгрижно… Кучињата секојдневно се дружат и се шетаат по познатите улици „Виенска“, „Букурешка“, „Париска“, „Прашка“, „Лондонска“, „Варшавска“, „Хелсинки“, а маалото е полно весели кучешки лаежи. И сѐ би било совршено, да не е тука Страшилото и неговите миленици, бандата мачки.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

5. „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ ‒ Зоран Михајлов

„Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ не е само носталгична збирка од напишани спомени на истакнатиот и светски признаен спортски новинар и коментатор, Зоран Михајлов. Уште повеќе, оваа книга е паметник на успесите на македонските спортисти, на нивниот натчовечки влог во постигнувањето резултати вредни за светската почит, во поединечните и во групните спортови. Благодарение на неговиот професионален повик, Михајлов изворно ги пренесува случувањата од спортските борилишта, осврнувајќи се и на историските контексти што оставиле траен печат во домашната и во светската спортска историја. Па така, оваа книга ќе потсети на многубројните доживувања, на блесоците и падовите, на некои афери без кои како да не се може, на контактите со светските асови, на немилите настани, како минхенската олимпијада во 1972 година, на олимпијадите на кои македонските спортисти ги освоија првите медали. Книгата содржи и сеќавања на Михајлов за скопскиот земјотрес и акциите за спасување на настраданите.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

Изданијата се достапни во книжарниците „Литература.мк“, на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“ и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40, а може да се нарача и на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.