„Сакај ја диво“ од најпознатиот инстаграм поет – Атикус, објавена на македонски јазик

„Сакај ја диво“ од најпознатиот инстаграм поет – Атикус, излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Ова е многу модерна љубовна приказна. Момче запознава девојка. Се вљубува… Почнува да пишува песни за неа и ги објавува на Инстаграм. Воодушевува неколку илјади следбеници, меѓу кои и славни личности… Станува интернет сензација. Неговите стихови се инспирација за мемиња и разни инстаграм-постови со коишто луѓе од целиот свет си изразуваат љубов. Фановите го цитираат не само на социјалните мрежи, туку и со тетоважи, на модни парчиња, разни уникатни дизајни и графити.

Момчето ја разголува душата пред милиони читатели, но притоа не го открива својот идентитет – пишувајќи анонимно, под псевдонимот Атикус. Во секојдневното прелистување на содржините на социјалните мрежи, сигурно сте наишле на неговите стихови објавени од профилот @atticuspoetry. На Инстаграм има над 1,3 милиони следбеници. Во 2017 година најубавите стихови беа собрани во неговата книга „Сакај ја диво“. Неодамна збирката поезија излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Овој анонимен поет од западниот брег на Британска Колумбија, се нарекол Атикус инспириран од старогрчкиот филозоф. Го нарекуваат и Бајрон на интернет-генерацијата. Тој е искрен, интимен и мистериозен.  Милиони луѓе секојдневно уживаат во неговите стихови и неговата извонредна умешност со малку зборови да каже многу. За него се претпоставува дека има 20 и нешто години, никој не знае како изгледа (носи маска) и е ѕвезда на новата генерација инста-поети. Неговата поезија е дотолку инспиративна, што многумина од неговите фанови познатите стихови „Love her but leave her wild“ (Сакај ја, но остави ја дива) ги преточија во тетоважи.

Со искреност, трогателност и романтичен занес, во „Сакај ја диво“ е поместено сето она што истовремено е необработено и култивирано, и во најмалите и во најголемите мигови во животот: првиот изблик на нова љубов, ноќно возење проследено со потпевнување на песната што свири од радиото во автомобилот, незадржливата бујност на женскиот дух, едноставното задоволство што го нуди доброто виски… Атикус ги дестилира највозбудливите занеси и најголемите разочарувања од животот и од љубовта и ги поместува во неколку кратки редови, така осигурувајќи се дека неговите зборови ќе останат врежани во мозокот на читателот – и ќе го разбудат чувството за авантура кај него.

Книгата „Сакај ја диво“ од Атикус, е достапна во книжарниците на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, во Градскиот трговски центар ‒ Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40, а може да се нарача и онлајн, на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.