Рубенс Корубин: Моето ателје – мојата радост


Во ова издание на емисијата гостува академскиот сликар, великанот на современото македонско сликарство Рубенс Корубин. Поводи за ова гостување има многу, но еден од најголемите е неговата најнова ретроспективна изложба „Ателје – радоста на сликањето“. Неодамна, во прекрасниот амбиент на Чифте амам, а во организација на Националната галерија, се отвори ретроспективната изложба со која Корубин одбележа два значајни јубилеја, 70 години живот и 45 години од дипломирањето на ликовната академија во Белград.
На изложбата беа главно претставени негови нови дела, настанати во последните неколку години, но и некои постари дела, така што изложбата имаше ретроспективен карактер претставувајќи пресек и на сите претходните фази од творештвото на уметникот.

Рубенс Корубин е роден 1949 година во Прилеп. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград во 1974 година, каде што две години подоцна завршил постдипломски студии. Од 1977 до 1979 бил на студиски престој во Париз во „L’ Ecole des Beaux Arsts“, а од 1986 до 2012 беше професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Тој е член на ДЛУМ од 1975 година, реализирал голем број самостојни изложби во земјава и во странство, а повеќепати учествувал и на групни изложби. Добитник е и на повеќе признанија и награди.
Корубин долги години се наоѓа во самиот врв на современото македонско сликарство. Тој работи во повеќе медиуми (сликарство, цртеж, графика и мозаик), а неговите дела претставуваат ретки, совршени унии помеѓу темата и начинот на експресијата. Уметноста на Корубин сведочи за исклучителна способност за прикажување едно ретко емотивно богатство, а ги поседува и сите знаци на големото сликарско мајсторство. Романтичен сликар, уметник кој ја искажува сопствената деликатна визија и сопственото разбирање на материјалните и емотивните елементи кои го сочинуваат нашиот свет.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.