Зоки Поки ги чита книгите и едукативните изданија од „Арс Ламина“

Книгите за деца: „Џиновска продавница за фантазии“, „Доктор Дулитл“, „Бајки од Македонија“, „Црвеното столче“, „Змејот на татко ми“, „Лошилиште“, „Чорапојадци“, „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“, серијалот за Исидора Мун и книгите од Роалд Дал, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ се само дел од насловите што ги чита Зоки Поки. Во новата серија „Зоки Поки“, базирана на истоимената лектира за второ одделение од писателката Оливера Николова, главните протагонисти, покрај романите, лектирите и сликовниците од издавачката куќа „Арс Ламина“, другаруваат и со низа едукативни изданија како: Прва училишна енциклопедија (3 дела), Работа со компјутер и основи на програмирањето, Математика, како и списанијата за ученици „Мини Либи“ и „Либи“.  Тие користат и школски материјали, кои за снимањето ги обезбедија издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“.

Приказната за Зоки Поки, која е првично објавена во 1963 година, наскоро ќе добие екранизирана верзија во продукција на „Кино око“. ТВ-серијата, која е модернизирана и адаптирана на денешните генерации, е во режија на Александар Поповски и Марија Апчевска, Даријан Пејовски и Радован Петровиќ.
Снимањето на десетте епизоди на „Зоки Поки“ се одвиваше во септември, на повеќе локации во Скопје. Отворен е и хаштагот #ЗокиПоки и сите што ја имаат лектирата може да споделат фотографии.
Повеќе од половина век книгата „Зоки Поки“ на Оливера Николова е задолжителна лектира за учениците во македонските основни училишта. Преведена е на српски, романски, украински, чешки, италијански, словенечки, турски, албански и на германски јазик.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.