Промоција на „Јас сум Миа“ од Јана Мишо во Куманово

Книгата за млади „Јас сум Миа“, од популарната домашна авторка Јана Мишо, ќе биде промовирана во библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово, на 7 ноември (четврток) со почеток во 12 часот.
Промоцијата ќе биде збогатена со интерактивен дел, разговор на теми опфатени во книгата, прашања од публиката, потпишување книги и дружба со Јана Мишо.
„Јас сум Миа“ е еден од најчитаните наслови за млади оваа година. Книгата која е во издание на „Арс Ламина – публикации“, уште пред својата официјална промоција, која се одржа за време на 31. издание на Саем на книгата во Скопје, беше најбарана, пред сѐ од младата, тинејџерска публика. Таа беше и најпродаваниот наслов на штандот на „Литература.мк“ и „Арс Ламина“ за време на саемот.


Приказната за Миа почна со колумните на Јана Мишо објавени на hashtag.mk продолжи со првиот роман „Јас сум Миа“, и секојдневно расте преку социјалните мрежи, и во коминикацијата со обожавателите. Почна како интернет-сензација со епизоди, а се развива во комплетно книжевно дело. „Јас сум Миа“ е трета книга на Јана Мишо, по „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и првo нејзино издание за тинејџери.
Приказната се движи околу тинејџерката Миа, чија симпатија е Стефан. Но, Стефан има девојка! И не можете ни да замислите каков проблем е тоа. Поточно, тоа ти е најголем проблем, додека некој тајно не те сними како правиш беља… И не го покаже тоа на интернет. Фино е да бидеш популарна онлајн, ама дали е фино секаде да те препознаваат и да знаат што си направила? И тинејџерски проблеми, и другарки и другари и љубов и… мала мистерија.
Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, во Градскиот трговски центар ‒ Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40, а може да се нарача и онлајн, преку literaturа.mk.
Книгата ќе биде достапна за продажба и по претставувањето во библиотеката, по промотивна цена од 200 денари.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.