„Нетфликс“ сними празничен филм по книгата „Нека снежи“

Телевизиската и филмска продукциска компанија „Нетфликс“ сними празничен филм базиран на книгата „Нека снежи: три празнични романси“ од Џон Грин, Морин Џонсон и Лорин Миракл, која на македонски јазик е објавена од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“… Филмот е во режија на Лук Снелин, продуцирана од Дилан Кларк и Алекса Фејген, а сценариото на Викторија Строус. Улогите ги толкуваат младите актери: Изабела Мерцед, Шамеик Мур, Киернан Шипка, Одеја Раш, Лив Хјусон, Мичел Хоуп, Џејкоб Баталон како и Џоaн Кјузак. Филмот премиерно ќе биде прикажан на „Нетфликс“ на 8 ноември.

 

За време на најстрашната виулица во последните 50 години се случуваат три зимски љубовни приказни. Божиќ е и Грејстаун е затрупан со снег. Но, времето е повеќе отколку само мала незгода. Кога една девојка неочекувано ќе слезе од еден завеан воз, таа предизвикува цела низа настани што засекогаш ќе променат неколку животи. Наскоро – четиринаесет загреани мажоретки ќе го преплават локалниот „Вафл Хаус“, филмската вечер на Дјук ќе биде грубо прекината заради една Твистер-мисија, а една вљубена шанкерка ќе одлучи за судбината на едно прасенце… На крстопатот на трите приказни, првпат ќе се сретнат неколку туѓинци. И во центарот на снежниот Грејстаун – ќе расцути романсата! Исто како и во вашето топло, празнично срце.
Ова е трогателна, смешна и исполнета со празнична магија… зарем би очекувале нешто помалку од триото најпродавани автори на денешницата?

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, а може да се нарача и онлајн на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.