Промоција на „Радосница“ од Калиопи Трпчева во „Литература.мк“

Новото издание за креативни родители, „Радосница“ од Калиопи Трпчева, ќе биде промовирано денеска (четврток, 31 октомври) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, со почеток во 18.30 часот.
Радосницата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е наменета за сите идни родители. Во неа ќе можат на креативен и интересен начин да ги бележат поважните моменти на своето новороденче. Низ шарените страници на радосницата, која е осмислена и нацртана од академската сликарка и графичка дизајнерка Калиопи Трпчева, родителите може да ги внесат сите податоци во првата година на своето дете: од периодот на бременоста, раѓањето, првото капење, прошетка, патување, првите запчиња и чекорчиња, па сѐ до првиот роденден. Го следи растењето на детето, месец по месец, меморирајќи ги најинтересните мигови, промени и новости. Оваа радосница се разликува од останатите по тоа што, покрај тоа што има простор за допишување и додавање фотографии, може да се обои, по желба на родителите.


Авторката вели дека радосницата е работена со многу љубов во перидот кога се родило нејзиното прво дете, синот Марко, кому му го посветува ова дело. Промоцијата ќе започне во 18.30 часот со работилница за родителите и за децата, на која ќе бојат дел од страниците од радосницата. Во продолжение ќе следува официјално претставување на изданието.

Промоторка на изданието ќе биде поетесата Ана Голејшка Џикова.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.