Со доајенот на македонското глумиште Диме Илиев ја почнуваме новата сезона на „Астрорум“

Со овации и бурен неколкуминутен аплауз од актерите на сцена и бројната публика, деновиве во Драмскиот театар во Скопје, беше испратен во пензија доајенот на македонското глумиште, Диме Илиев. Актерот и режисер, иако официјално се пензионира на штиците на својот матичен театар, тоа не значи дека престанува со својата најголема љубов – глумата. Илиев, е гостин во првото издание од втората сезона на емисијата „Астрорум“, снимено во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, а емитувано на Tелевизијата 24.

Диме Илиев е роден на 19 септември 1952 година во Кавадарци, а дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1975 година. Истата година се вработил како глумец во Драмскиот театар во Скопје. Во текот на кариерата, Илиев одиграл над 100 улоги, и тоа не само на репертоарот на Драмскиот театар, туку на сцените на другите театри во Македонија. Исто така, настапувал и во над 200 телевизиски и радиодрами, во играни филмови, а имал и неколку режисерски ангажмани.

Се памети по филмовите: „Сослушување на железничарот“ (1977); „Исправи се Делфина“ (1977); „Наши години“ (1979), „Викенд на мртовци“ (1988); „Големата вода“ (2004) , „Сенки“ (2007) и „Исцелител“ (2017).
Од неговата богата актерска кариера во театарот важни за споменување се следните улоги: Алексис („Достага на самиот врв на највисоката власт“, 1975); Младичот („Црнила“, 1977); Бепо-Џузепе („Рибарски караници“, 1979); Коновал („Џон Пипплфокс“, 1981); Паметна глава („Јадигар“, 1983); Кралицата Розамунда/ Михајло Фјодоровиќ („Крал Иби“, 1984); Јанез Митиќ („Карамазови“, 1984); Сергеј со име Керубин („Керубин“ 2096, 1986); Наум искушеник кај Исус, брат на Максим Бродски („Р“, 1987); Камиј Демулен („Смртта на Дантон“, 1987); Иван Павловиќ („Собирен центар“, 1989); Креонт („Медеја“, 1989); Луј („Балконот“, 1991);Танасие („Нажалена фамилија“, 1991); Алонзо („Бура“, 1992); Ештро („Од првиот здив“, 1995); Брат/Филип („Вазна од порцелан“, 1996); Зард („Европа“, 1999); Директорот („Падот на невиноста“, 2002); Дедо Мраз („Нема да верувате што ми се случи вечерва“, 2003); Бумбарот („Како се станува цар“, 2003); Чебуткин („Три сестри“, 2004); Лелио („Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид“, 2004); Претседателот („Демонот од Дебар Маало“, 2006); Иванов („Македонски рулет“, 2007); Професорот („Кино љубов“, 2007); Таткото („Евридика“, 2013); Вангел („Огнени јазици“, 2013); Таткото („Човекот кој го изеде светот“, 2014); Едвард („Ждрело“, 2014).

Добитник е на наградите: за главна машка улога во „Сослушување на железничарот“ на Филмскиот фестивал во Порторож (1977); награда за најдобро актерско остварување на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ за улогата на Ештро во претставата „Од првиот здив“ (Струмица, 1995); награда за најдобра машка улога на ИФАД Стоби за улогата на Таткото во „Евридика“ (2013); награда за актер на годината за 2014 година.

Во продолжение е видеото од интервјуто со Диме Илиев во нашата емисија:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.