Разиграна промоција на „Игра со именки“ и „Игра со глаголи“ од Оливија Георгиевска во „Литература.мк“

Во разиграна атмосфера, со присуство на публика од сите генерации, вчеравечер (24 октомври) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ беа промовирани книгите за деца „Игра со именки“ и „Игра со глаголи“ од Оливија Георгиевска, со илустрации од Ивана Јовановска. Сликовниците, кои се дел од едицијата „Сезнајковци“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, го откриваат игривиот свет на именките и на глаголите.

Авторката Георгиевска на промоцијата изјави овие книги се наменети за децата, но и за нивните родители и за наставниците. Од нив родителите може да им читаат на децата пред спиење, а на наставниците ќе им олесни за време на училишните часови. Овие изданија ќе им помогнат и на нашите деца во дијаспората, да го одржат контактот со македонскиот јазик и граматиката.

– Целта на книгите е лесно совладување на граматиката, која може да биде многу „математичка“ и здодевна. Нашата граматика е комплексна, некои работи доста тешко се учат и применуваат. Предавајќи на странци, сфатив колку има сложен костур и колку може да биде непредвидлива, на пример – множините на именките во машки род. Првата книга од овој серијал, „Игра со именки“, ја опишува основата на овие менливи зборови – тоа ви е како да сте влегле во рудникот, но сѐ уште го гледате излезезот. Именките се нацртани и оформени, покажуваат што се опфаќаат, а во книгата тие зборови се посебно обележани со цел да се издвојуваат од останатите. Така книгата на неколку начини ја посочува својата функција – преку цртежите на именките, преку нивното римување и преку нивното истакнување како зборови во текстот. Втората книга „Игра со глаголи“, пак, е замислена како еден ден во животот на Љубена и Огнен. Станување, подготвување, одење на училиште, играње со другарчињата, доаѓање дома и помагање околу ручекот, живеење во хармонично семјство и најпосле денот завршува и утре повторно сѐ од почеток. Ова издание има повеќе намени. Освен зборувањето за глаголите кои покажуваат разни форми, книгата опишува и на некој начин ги воведува децата во нивното право да учат, да се дружат, да бидат одговорни, да помагаат, да бидат љубопитни, да спортуваат… сѐ она што во нашата цивилизација се смета за безгрижно детство – рече Георгиевска.

Разиграните стихови на Георгиевска одлично се надополнети со шарените илустрации од Јовановска.

– Работењето на овој проект беше огромно задоволство за мене. Денешните деца се пренатрупани со информации од сите страни и многу е тешко да го задржиш нивното внимание. Најголемиот предизвик беше да направиме производ кој ќе им го привлече вниманието и ќе им го задржи интересот. Иако овие книги се замислени како воншколска литература, сепак имавме и задача на еден креативен и неформален начин да ги научиме за основите на граматиката на нашиот јазик, тема која што е целосно апстрактна за деца кои штотуку влегуваат во образовниот процес. Стиховите на авторката Оливија ми се допаднаа веднаш штом ги прочитав и брзо го препознав потенцијалот кој го имаат да допрат до децата. Се надевам дека моите илустрации само го надополнија тоа. Со нетрпение очекувам да започнеме со работата на третата книга од овој серијал – изјави илустраторката Јовановска.

Авторското дуо најавува и трета книга од овој серијал во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикаци“ – „Игра со придавки“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.