Промоција на „Игра со именки“ и „Игра со глаголи“ од Оливија Георгиевска

На 24 октомври 2019 г. (четврток) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгите за деца „Игра со глаголи“ и „Игра со именки“ од Оливија Георгиевска, со илустрации од Ивана Јовановска.
Сликовниците, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, преку разиграните стихови на Георгиевска и шарените илустрации на Јовановска, го откриваат игривиот свет на именките и на глаголите.
Овие книги се наменети за децата, но и за нивните родители и за наставниците. Од нив родителите може да им читаат на децата пред спиење, а на наставниците ќе им олесни/помогне за време на училишните часови. Овие изданија ќе им помогнат и на нашите деца во дијаспората, да го одржат контактот со македонскиот јазик и граматиката.

Во „Игра со именки“ авторката вели: „Именка е сè околу нас, сè што има име, секој предмет, од молив до ракета, сите нешта во нашите соби, сите растенија, овошјето и животните, храната – солена и слатка, сите играчки, па дури и самите ние сме направени од безброј именки – нашето тело е именка цело“.
Во освртот кон „Игра со глаголи“ се вели: „Глаголот се однесува на секој збор што покажува нешто што се движи и брза, многу често и оној збор што е како мало дете кое не умее да мирува. Така, на пример – ако пишуваш, значи ја движиш раката, па зборот ПИШУВА ќе биде глагол. Но, исто така, и да седиш и да мислиш, па и да лежиш и да сонуваш – значи дека ти правиш нешто. Е, токму тоа правење нешто е самиот глагол“.
Промотор на книгата во „Литература.мк“ ќе биде уредничката Бисера Бендевска.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.