„Медена земја“ во 30 градови низ Македонија

Кинодиструбуцијата на документарецот „Медена земја“ (Honeyland) продолжува со нови датуми и градови низ Македонија. Проекциите што се одржаа минатите недели во дваесетина градови предизвикаа огромен интерес кај македонската публика и влезниците речиси за сите беа однапред распродадени.

Филмот, кој е годинашен македонски кандидат за „Оскар“, и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, се прикажа во: Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Куманово, Битола, Охрид, Свети Николе, Делчево, Тетово, Гостивар, Пробиштип, Македонски Брод, Македонска Каменица, Неготино, Богданци, Крушево, Радовиш Прилеп, Кичево, Кочани и во Пехчево.

Прилепчани ќе имаат можност повторно да го погледнат документарецот на 22 октомври, во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Истиот ден ќе има репризно прикажување и во Домот на култура во Крива Паланка. На 24 октомври (20 ч.) ќе се прикажува во Домот на култура „Македонија“ во Гевгелија, на 25 октомври (20 ч.) во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница и на 26 октомври (20 ч.) во Домот на култура „25 Мај“ во Валандово. Беровчани ќе имаат можност да го погледнат филмот во салата на „Бизнис инкубаторот“ на 30 октомври (20 ч.).

Во Струмица „Медена земја“ ќе се прикаже во Центарот за култура „Антон Панов“ од 8 до 11 ноември. Три дена подоцна, (14 ноември, 19 часот) ќе се прикажува во Домот на култура „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци. Следува премиера и во Домот на култура „Илинден“ во Демир Хисар на 30 октомври. Во Скопје, продолжуваат редовните проекции во скопските кина „Синеплекс“ и „Милениум“.

Кинодистрибуцијата на „Медена земја“ низ Македонија е во организација на „Трис филмс“ и на Драгица Николовска.

Во меѓувреме „Медена земја“ го продолжува својот успешен пат на светските филмски фестивали. На „Синеист“ (CineEast), фестивалот што се одржува во Луксембург, „Медена земја“ ја доби наградата од публика за најдобар филм. Викендов ја доби и специјалната награда од жирито на Фестивалот на документарен филм „Вест лејк“ (West Lake), што се одржува во Хангжу во Кина.

„Медена земја“ деновиве ќе биде дел и од 27. издание на најзначајниот и најголемиот светски филмски фестивал посветен на филмската камера „Камеримиџ“ (Camerimage), што се одржува во Полска.

Филмот е дел од кратката листа на најдобри документарци за оваа година што ја објави Интернационалната документарна асоцијација (ИДА). Доделувањето на наградите на најпрестижниот светски настан посветен на документарниот филм ќе се одржи во студијата на „Парамонт“ во Лос Анџелес на 7 декември. Исто така, филмот доби и пет номинации за наградата Избор на критиката за документарци во САД. Тој е номиниран и во категориите: најдобар филм, најдобра режија, најдобра кинематографија, најдобар документарец на тема наука или природа, како и за најпривлечен лик во документарец – за што е номинирана главната протагонистката во „Медена земја“– Атиџе Муратова. Доделувањето на наградите е на 10 ноември во Њујорк и е вовед во претстојните „Оскари“.

Во моментов во тек е и промотивната кампања на филмот за номинации за „оскар“, која е финансиски поддржана од Агенцијата за филм.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.