Бестселерот „Претседателот исчезна“ од Бил Клинтон и Џејмс Патерсон во издание на „Арс Ламина“

Бестселерот „Претседателот исчезна“ од Бил Клинтон и Џејмс Патерсон излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Во овој возбудлив и напнат политички трилер, авторските сили ги здружуваат поранешниот американски претстедател Бил Клинтон и најпродаваниот американски писател на криминалистички романи Џејмс Патерсон.
Овој роман, кој критичарите и писателите го прогласија за политички трилер на декадата, е единствен по фактот што еден од авторите црпел инспирација од своето лично претседателско искуство, животот во Белата куќа и начинот на кој врвот на американската власт функционира однатре.
Неговиот протагонист, претседателот Џонатан Ликолн Данкан, уште на самиот почеток е соочен со можноста за отповикување во Конгресот поради сомнежот дека тајно преговарал со еден од наопасните и најбарани кибертерористи – Сулиман Џиндорук, водач на Синовите на џихадот.
Но, она што го загрижува Данкан многу повеќе од тоа и од задкулисните политички игри, е тајната што ја знаат само тој и потесниот круг негови соработници: разорен кибернетички напад од невидени размери што секој момент може да ги погоди САД, да ги фрли на колена и во комплетен хаос…

„Претседателот исчезна’ се искачи на врвот на листата со бестселери на „Њујорк тајмс“, „Ју-ес Тудеј“, „Вол стрит џурнал“ и „Инди“. Веќе се снима истоимена ТВ-серија базирана на романот, со британскиот актер Дејвид Ојелово во главната улога.
Книгата „Претседателот исчезна“ веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, во Градскиот трговски центар ‒ Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40, а може да се нарача и онлајн, на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.