„Хузур“ од Мартина Млинаревиќ на штандот на „Арс Ламина“ за време на „Напред Розово 2019“

Книгата „Хузур“ од познатата босанска новинарка, авторка и граѓанска активистка, Мартина Млинаревиќ, ќе биде претставена на штандот на „Арс Ламина“ за време на хуманитарната манифестација „Напред розово“, која во организација на Здружението за борба против рак  „Борка“, ќе се одржи на 6 октомври (недела) во 11 часот на Школка во Градскиот парк во Скопје.

Претставувањето на „Хузур“ неслучајно е дел од оваа манифестација, бидејќи популарната авторка во книгата открива детали за својата борба со ракот на дојката.

Хузур (huzur) претставува мир во сите димензии на човековиот живот. Хузурлу инсан (huzurlu insan) е исполнет човек, спокоен, емотивно и телесно здрав. Оној што спознал дека материјалното не е мерка за вредност, проникнал во срцевината на духовноста, се засакал себеси, своето внатрешно јас и создал апсолутна рамнотежа во својот микросвет. Хузур како рамнотежа на душата, чувствата, рамнотежа на желбите и стварноста, фантазијата и реалноста. Хузур како исконска среќа, бидејќи човек може да биде мирен иако не е среќен, но не може да биде среќен ако не е мирен.

Мартина Млинаревиќ кон крајот на минатата година покрена големо медиумско внимание во регионот појавувајќи се на насловната страница на босанското списание „Грација“, покажувајќи ја својата разголена града – оперирана од рак. Со овој храбар потег авторката покажа како изгледа жена оперирана од рак на дојка. Воедно, „Грација“ ја именуваше за личност на годината бидејќи по операцијата на левата града, таа реши јавно да прозбори за соочувањето со тешката болест. Со ова испрати силна порака до жените и девојките на Балканот, посочувајќи колку е важно да се вршат редовни прегледи бидејќи болеста е непредвидлива, а од животно значење е да се открие и да се лекува во раните стадиуми.

Триесет отсто од продажбата на „Хузур“ за време на „Напред Розово 2019“ в недела, „Арс Ламина“ ќе ги донира на здружението „Борка“.

 

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.