Промоција на книгата „Психосоматика, емоции што разболуваат и лекуваат“ од Билјана Велковска


На 4 октомври (петок) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Психосоматика, емоции што разболуваат и лекуваат“ од авторката Билјана Велковска.
„Психосоматика, емоции што разболуваат и лекуваат“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ги осветлува двете страни на паричката наречена човек. Од едната страна се чувствата, субјективни и тешки за дефинирање, но многу проучувани, кои претставуваат огромен дел од човековото искуство. Од другата страна е физичкото функционирање и здравјето, што традиционално и погрешно се разгледува одделно од емоционалниот живот. Двете приказни неизбежно конвергираат за да го доловат човекот, во кој на неверојатен начин се испреплетени психичкото и физичкото.
И, иако терминот психосоматика некои луѓе можеби си го поврзуваат со замислена болест, овде ќе покажеме дека чувствата и мислите можат да нè разболат или да нè излекуваат на многу начини, што дефинитивно не се само „во нашата глава“.

Билјана Велковска е родена во 1978 година во Скопје. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во родниот град.
Нејзините работни ангажмани вклучуваат преводи, рецензии, уредување на книжевни изданија, книжевни критики и написи во дневниот весник „Вест“, каде што работела како новинар во културната рубрика. Во моментов е ангажирана како советник за управување и координирање на човечки ресурси.
Интересот за психологијата, личен и професионален, Билјана Велковска го добива по стручната соработка во неколку изданија со Здружението за психотерапија и едукација „Амигдала“. „Психосоматика, емоции што разболуваат и лекуваат“ е нејзино прво дело, плод на повеќегодишно истражување на една многу важна и неправедно занемарена тема: конекцијата помеѓу телото и умот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.