Автобиографијата на Ведрана Рудан – „Танц околу Сонцето“ објавена во издание на „Арс Ламина“

 

Автобиографијата на популарната хрватската авторка Ведрана Рудан, „Танц околу Сонцето“, излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Во книгата, искрено и без разубавување, Рудан пишува за своето ниту малку безгрижно детство, за децата и внуците, за патот што го поминала од продавачка на сладолед на плажа, до најчитаната писателка во регионов. За тоа, зошто во социјализмот било неможно да се добие отказ и како станала првата новинарка која успеала да добие отказ во новиот хрватски демократски режим.
Конечно, Ведрана Рудан ни покажува зошто во животот е најважно и најтешко без срам да се погледнеш себеси во очи.

 


Во книгата авторката вели: „Што е вистината? Сè е само впечаток. Имам седумдесет години. На фотографијата на корицата изгледам како да имам седумдесет. Очните капаци ми се подуени, од алергијата. Очите постојано ми се вцрвенети. Лицето ми е мртовечки бледо, а кога сонцето ќе го допре, него го поздравува со пеги. Во книгата се соблеков докрај. Одвреме-навреме, ослободена од каква било суета, се чувствувам одлично во својата стара, набрчкана, пегава кожа. Жената која ве гледа, таа сум јас. Јас – старата. Јас – изморената. Јас – заситена од животот и среќна што сум жива. Зар не се гледа среќата на моето лице? Прочитајте ја книгата, во неа клечи среќата. Зар не ме слушате? Штета. Се смеам на цел глас.“
Ова е втора книга од Рудан што издавачот „Арс Ламина“ ја објавува оваа година. Претходно, за време на Саемот на книгата 2019, беше промовирана „Костурите на округот Медисон“.
Книгата „Танц околу Сонцето“ веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, во Градскиот трговски центар ‒ Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40, а може да се нарача и онлајн, на следниот линк:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.