Триумф на „Медена земја“ во Русија

Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) го продолжува својот успешен поход на светските филмски фестивали. Деновиве триумфира на два фестивала во Русија. Ги освои наградите за најдобар дебитантски филм и за најдобар филм за животна средина на Интернационалниот филмски фестивал „Порака до човештвото“ во Санкт Петербург, како и гран-при за најдобар филм на интернационалниот филмски фестивал „Човек и природа“ во Иркутск, Сибир.

Режисерите на „Медена земја“ на фестивалот „Порака до човештвото“

Режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска деновиве по првпат имаа можност да го претстават филмот во двете крајни точки на Русија: од Балтичкото Море (на запад) во Санкт Петербург, па сѐ до далечниот сибирски исток на Бајкалското Езеро. Оттаму, македонските филмаџии беа испратени со најпрестижните награди.
На најстариот фестивал за документарен филм во Русија, „Порака до човештвото“, што се одржува на „Плоштадот на палатата“ (каде што секоја година има околу 40.000 гледачи), „Медена земја“ имаше две свечени проекции. Стефанов и Котевска во своето обраќање нагласија дека имаат голема чест што присуствуваат на филмски фестивал чијшто приоритет е пораката што ќе ја испратат до човештвото и дека тие се надеваат оти со својот филм го постигнале токму тоа: испратиле едноставна и моќна порака што се однесува на луѓето од целиот свет. Токму затоа им беше врачен „Кентаурот“ – симболот на фестивалот.

Стефанов и Котевска ја примија наградата занајдобар филм за животна средина

Од Санкт Петербург си заминаа и со наградата за најдобар филм за животна средина – Bellona Environmental Law Organization’s prize.
Дополнително, во Музејот на матрјошките, во чест на „Медена земја“ гордо е истакната и матрјошката од главната хероина на документарецот – Атиџе.
Филмот паралелно го имаше своето прикажување и во централна Русија, на филмскиот фестивалот „Флахертијана“ во Перм.

По ова, следуваше гостување на екипата на „Медена земја“ во сибирски исток на Бајкалското Езеро, на 18. издание на „Човек и природа“ – фестивалот што го нарекуваат и руски пандан на „Оскар“. Филмот се закити со статуетка од „реката АНГАРА, ќерката на БАЈКАЛ“ инспирирана од старата легенда за Бајкалското Езеро.
Впрочем, фестивалот „Природа и човек“ се одржува токму во мистичната област на бајкалскиот народот „бурјаци“ и нивната чудесна шаманска култура, чијшто приоритет е задржување на врската со природата. Токму она што главната хероина на „Медена земја“, Атиџе, се обидува да го постигне. Впрочем, изненадувачка за авторите беше сличноста на тој народ со Атиџе во начинот на живеење и верување. Токму затоа, тие велат дека оваа награда им е особено значајна и се особено почестени да го добијат признанието за пораката што ја носи нивното дело токму од народот кој сè уште живее според таквите вредности.
По Сибир, авторите замина во Лос Анџелес, САД, каде што ја продолжуваат промотивната кампања на филмот во трката за „Оскар“.

Од Санкт Петербург си заминаа и со наградата за најдобар филм за животна средина

„Медена земја“, што по триумфот на престижниот фестивал „Санденс“, на светските фестивали се стекна со околу 20 главни награди, е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“.

Филмот, што изминативе месеци се прикажува на повеќе фестивали и во киносалите од САД до Нов Зеланд, од денеска (27.09.2019), освен во Скопје, ќе има кинодистрибуција во повеќе градови во Македонија: Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Битола, Куманово, Свети Николе и Охрид, а наскоро ќе има објава и за други проекции.

Матројшка со ликот на Атиџе – хероината на „Медена земја“ во Музејот на матрошки во Санкт Петербург

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.