НОВО: Култниот хорор-роман „Кери“ од Стивен Кинг објавен на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

Култниот хорор-роман „Кери“ од славниот писател Стивен Кинг излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис, дел од „Арс Ламина – публикации“. По „Сјаење“, „Доктор Сон“ и серијалот „Зелената милја“ („Двете мртви девојчиња“, „Глувчето на Милјата“, „Дланките на Кофи“, „Ужасната смрт на Едуар Делакроа“, „Патување во ноќта“, „Кофи на Милјата“ ), фановите на трилерите на Кинг ќе можат да уживаат во морничавата приказна за тинејџерката Кери Вајт. Книгата првично била објавена во САД во 1974 година, по што биле продадени милион копии. Приказната сѐ уште важи за една од најтензичните дела на Кинг. На основа на книгата снимени се и адаптации за на големото платно, од кои најпознат е истоимениот филм од 1976 година, во режија на Брајан де Палма, со Сиси Спејсек во главната улога. Следуваа уште неколку филмски и ТВ- верзии, како и претстава на Бродвеј.

Дејството е сместено во 1979 година. Кери не е обична девојка. Таа има дар. Може да поместува предмети со нејзиниот ум. Вратите се заклучуваат. Светилките паѓаат. Поканата од Томи Рос на матурската вечер за Кери е исполнување на сонот – прв чекор кон влез во средношколското друштво. Сè додека неочекуваната суровост не го претвори нејзиниот дар во оружје на хорор и деструкција што никој нема да ги заборави никогаш…

За книгата светските медиуми напишаа:

„Најпрекрасниот морничав човек на планетата.“ (Ју-ес-еј тудеј)
„Страшен и мачен – вистински хорор!“ (Паблишерс викли)
„Трескавично, морничаво, мрачно зло!“ (Питсбург пост газет)
„Стивен Кинг буквално создал жанр што ги доведува луѓето во најужасни ситуации… Тој е автор кој секогаш го прави невозможното толку страшно што те тера да провериш дали си ја заклучил вратата.“ (Бостон глоуб)
„Бесценета имагинација.“ (Обзервер – Лондон)

Интересно е што за изгледот на корицата на книгата на македонски јазик одлучија гласовите на публиката, поточно членовите од најпосетените клубови на читатели на социјалните мрежи.

„Кери“ и останатите книги од Стивен Кинг се достапни во книжарниците на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, во Градскиот трговски центар ‒ Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40, а може да се нарачаат и онлајн, на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.