Мини улични библиотеки ги поттикнуваат читачките навики во Скопје


Во чекор со светските трендови за поттикнување на читачките навики, деновиве на неколку локации во Скопје беа поставени мини-библиотеки. Станува збор за проект на Град Скопје и ЈУ Детски културен центар „Карпош“, чијашто цел е со вкрстена размена на книги да се промовира културата за читање. На социјалните мрежи веќе се појавија објави со симпатичните куќички поставени на влезот на Градскиот парк, во дворот на Детскиот културен центар „Карпош“ и во Ибни Пајко. Библиотеките, што ги дизајнира Македонка Тошевски, се со големина на куќички за птици или поштенски сандачиња, во форма на отворени книги.
Од нив секој може да зајми книга, да ја прочита и да ја врати. Истовремено, секој може да донесе (подари) книга, за да ја прочитаат други.

Од Детскиот културен центар „Карпош“ велат дека уличните библиотеки се прекрасен дом за книги и се достапни за секого.
-Луѓето може едноставно да земат книга и кога ќе ја прочитаат, може да ја вратат или да им ја подарат на пријателите. Доколку имате книги што мислите дека другите би уживале во нивната содржина, можете да ги оставите во која било улична библиотека на посочените локации. Целта на библиотеките е да се направат книгите достапни за сите. Тие се симбол на доверба и надеж – мала предност на книжевната среќа. Книгите се бесплатни за позајмување и може да бидат вратени или разменети за друга книга. Урбаниот дизајн ќе го привлече вниманието на секој страстен читател. Уличните библиотеки се прозорец во умот на општеството бидејќи книгите се оставаат и земаат, никој не треба да ги проверува дали се тука или не. Да ја разбудиме свеста за книгата како најдобар другар, која не води низ животот -порачуваат од Детскиот културен центар „Карпош“.

Дали и вие би зајмиле и би подариле книга на ваков принцип? Дали кај нас може да функционира ваков концепт на „јавни библиотеки“?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.