Го одбележуваме роденденот на Агата Кристи

На 15 септември 1890 година е родена најпознатата писателка на детективски романи – Агата Кристи. Авторката на едни од најпознатите ликови во светската книжевност, белгискиот детектив Херкул Поаро и Мис Џејн Марпл, фасцинира со својата проникливост и способност да раскажува мистерии. Всушност, и нејзиниот живот бил мистерија. Сѐ уште е неразјаснето нејзиното неколкудневно исчезнување, по разделбата со својот прв сопруг, кога ѝ се губи секаква трага… Но, потоа се враќа и продолжува со животот. Притоа, никогаш не објаснила што ѝ се случило. Затоа, според многумина – книжевна мистерија од Агата Кристи што најмногу ќе ве обземе е всушност нејзината сопствена автобиографија. Токму со оваа книга го одбележуваме денот на раѓањето на Кристи.

Агата Мери Клариса Милер (15 септември 1890 – 12 јануари 1976), која покрај името Агата Кристи, има објавувано дела и под псевдонимот Мери Вестмакот, има напишано повеќе од 70 детективски книги. Има издадено и неколку љубовни романи и една книга за деца. Агата се образувала во домашни услови, каде што нејзината мајка ја охрабрувала да почне да пишува уште од рана возраст. На 16 години таа била испратена во едно училиште во Париз, каде што учела пеење и свирење пијано. Кристи била одлична пијанистка, но нејзиниот страв од сцената и публиката и срамот ја спречиле да продолжи со музичката кариера. Кога нејзината мајка ја однела Кристи во Каиро за една зима, таа таму напишала роман. Охрабрена од Еден Филипотс, сосед и пријател во Торки, таа почнала со пишувањето и издала неколку стории. Покрај нејзиниот најпознат роман „Убиство во Ориент Експрес“, мошне читани се и „Смртта како крај“, „Десетте мали црнци“, „Сведокот на обвинителството“, „Човекот во кафениот костим“, „Завеса“, „Неочекуван посетител“, „Смрт на Нил“, „Убиството на Роџер Акројд“, „Куќата на злото“, „Состанок со смртта“, „Петте мали прасиња“ и други.


Во текот на четири децении по нејзината смрт на 12 јануари 1976 година, многу читатели и книжевни критичари на делата на Агата Кристи ова дело го издвојуваат како најинтересното, а сепак најмалку познато. Нејзината веродостојна автобиографија, во најголем дел пишувана во шеесеттите години, скромно го игнорира фактот дека Агата веќе станала најпродаван автор на романи во историјата и се фокусира на нејзиниот фасцинантен приватен живот.
Од раното детство кон крајот на ХIX век, преку два брака и две светски војни, како и нејзиното искуство како писател и како придружник на археолошките експедиции на нејзиниот втор сопруг, Макс Малован, Агата споделува детали од нејзиниот шарен и понекогаш комплексен живот со вистинска страст и отвореност.

Дали и вие сте љубители на делата на Агата Кристи? Која е вашата омилена детективска приказна? Автобиографијата на Агата Кристи е достапна во книжарниците на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, во Градскиот трговски центар ‒ Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40, а може да се нарача и онлајн, на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.