Смеа, музика, пиво и книжевни разговори со Неле Карајлиќ во „Литература.мк“

„Неле, дали сакаша да ми бидеш жирант? Дали водиш дневник? Кој ти беше најтежок период во животот, а кој најсреќен? Кога во Штип? Каде наоѓаш инспирација за пишување песни и книги? Како генерациите кои не те познаваат од периодот на „Забрането пушење“ и „Топ-листа на надреалистите“ ги доживуваат твоите книги? Што сакаш да читаш и слушаш од балканските автори? Кој ти е омилен стих од песните на „Забрането пушење“ што не е толку популарен? Зошто токму „Солунска 28“, што те инспирираше за насловот на книгата? Дали имаш некои планови за снимање на филм/серија според „Солунска 28“? Дали спремаш нов албум или нова песна?“
Ова се само дел од прашањата на кои Неле Карајлиќ искрено и со доза на хумор, вчеравечер им одговори на своите обожаватели во книжарницата „Литература.мк“.

На средбата нарачена „На пиво и книга со Неле Карајлиќ“, се слушаа најголемите хитови од „Забрането пушење“ и „Топ-листа на надреалистите“ и се разговараше за неговите книги: „Фајронт во Сараево“ и „Солунска 28“, чиј издавач на македонски јазик е „Арс Либрис“ дел од „Арс Ламина ‒ публикации“.

Од книгата „Фајронт во Сараево“ веќе се продава вториот тираж во Македонија, а „Солунска 28“ која беше промовирана во мај оваа година, за време на Саемот на книгата, е една од најчитаните книги оваа година. Овој роман ја доби престижната српска книжевна награда „Момо Капор“ за 2018 година. Неле најави дека наскоро ќе излезе неговиот втор роман, кој е своевидно продолжение на „Солунска 28“.

Во „Солунска 28“ се раскажува приказна за едно семејство, која почнува на почетокот на 20. век, кога Живота, кој бега од Прахова, и Босилка, која бега од Австро-Унгарија, се среќаваат во Белград, решаваат да почнат заеднички живот и да основаат семејство. И до денес, и покрај војните, бомбардирањата, пожарите, болестите, промената на режими, национализацијата, приватизацијата и другите потреси, куќата на Живота во Солунската улица го има истиот тој број 28. Спојувајќи ги најдобрите состојки на јужноамериканскиот магиски реализам и сараевскиот нов надреализам, д-р Карајлиќ ни раскажува за историјата на една куќа во Дорќолската улица и нè води во просторот од другата страна на огледалото, на тромеѓата на животот, смртта и вечноста.

Инаку, на двајца фанови, кои деновиве поставија прашање за Кајарлиќ на социјалните мрежи им беше доделен примерок од „Солунска 28“. Денеска (13 септември) Неле Карајлиќ ќе одржи концерт на „Скопје пивофест“ (Skopje Beer Fest), на стадионот на АРМ.

„Фајронт во Сараево“ и „Солунска 28“, се достапни во книжарниците на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, во Градскиот трговски центар ‒ Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40, а може да се нарачаат и онлајн, на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.