Го одбележуваме денот на Роалд Дал

Обожавателите на еден од најдобрите писатели за деца денеска (13 септември) го одбележуваат Денот на Роалд Дал. На овој датум се навршуваат 102 години од раѓањето на омилениот британски раскажувач, од чие перо излегоа безвременските: „ГДЏ“, „Матилда“, „Чарли и фабриката за чоколади“, „Вештерки“, „Џејмс и џиновската праска“, „Фантастичниот г. Фокс“ и други. Книгите се со препознатливите илустрации на Квентин Блејк.
Во Британија овој ден се одбележува со различни настани организирани во библиотеките, училиштата, книжарниците и клубовите за книги. Се читаат неговите приказни и се интерпретираат во вид на радиодрами, театарски претстави и рецитали.
Најголем издавач на делата на Роалд Дал на македонски јазик e „Арс Ламина – публикации“ , која под својот импринт „Либи“, ги објави „Џејмс и џиновската праска“, „ГДЏ“ и „Вештерки“. Овие книги ги инспирираа двете сестрички Марија и Маги, кои преку својот јутјуб-канал „Читаме со Марија и Маги“, ги поттикнуваат читачките навики.

 

Марија ја чита „ГДЏ“

Дали сте ја прочитале една од најубавите книги за деца, „ГДЏ“ од славниот британски писател Роалд Дал? ГДЏ не е таму некаков си обичен џин што дроби и џвака коски. Не, тој е премногу добар и смотан. И среќа за Софи што е тоа така. Ако, на пример, онаа ноќ ја земеше Крвошишарот или кој било од другите џинови – а не ГДЏ – сигурно ќе завршеше како појадок. Кога Софи дознава дека џиновите јурнуваат кон Англија за да лапкаат слатки мали детенца, одлучува дека треба еднаш засекогаш да му стави крај на тоа. А ГДЏ ќе ѝ помогне!
Книгата е една од омилените и на сестричките Марија и Маги. Марија деновиве сними видео, со свое видување на книгата. Таа открива од каде доаѓа кратенката ГДЏ, што е џин, за што раскажува книгата и чита дел од приказната.
За соништата, џиновите и авантурите на храбрата Софи дознајте повеќе на видеото објавено на „јутјуб“ каналот „Марија и Маги“.

 

Маги ја чита „Џејмс и џиновската праска“

Замислете си една џиновска праска во која има седум многу необични инсекти, кои ќе ве однесат на магична авантура. А дали го познавате Џејмс Хенри Тротер? Тој е едно осамено момче, кое живее со две одвратни бабишта, сè додека еден ден не се случи нешто чудно. На крајот на градината една праска започнува да расте и да расте и да расте…
Маги ја чита песната за омилените јадења на Стоногалецот, раскажува за интересните авантури на малиот Џејмс, за инсектите со кои ќе се спријатели и за нивното џиновско и овошно превозно средство.

 

Марија ја чита „Вештерки“

Дали се плашите од вештерки? Дали приказните за вештерките се пострашни додека ги читате или откако ќе ги прочитате? Како изгледаат вештерките? Како може да се победат? Ова се прашањата за кои зборува Марија во следото видео на каналот „Читаме со Марија и Маги“, посветено на книгата „Вештерки“ од омилениот британски автор за деца Роалд Дал.
Во бајките вештерките вообичаено носат смешни црни шапки и наметки и јаваат на метли. Но, ова не е бајка. Ова е приказна за „вистински вештерки“. Најважното што треба да го знаеш за нив е следново: тие се облекуваат во обични алишта и горе-долу се исти како обичните жени. Живеат во обични куќи и се занимаваат со „обични работи“.

Дали и вие сте обожаватели на делата на Роалд Дал? Која е вашата омилена книга?
Книгите од Роалд Дал се достапни во книжарниците на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, во Градскиот трговски центар ‒ Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40, а може да се нарачаат и онлајн, на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.