Kниги и училишна опрема од „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ за децата од документарецот „Медена земја“

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“ донираа книги и училишна опрема за децата – протагонисти во документарниот филм „Медена земја“. Децата од семејството Сам, кои присуствуваа на премиерата на документарецот минатата недела во скопското мултиплекс-кино „Синеплекс“ во „Скопје сити мол“, добија изданија од „Арс Ламина“ соодветни за нивната возраст. Донацијата содржи сликовници, романи, изданија од едицијата „Лесно читливи лектири“, примероци од списанијата за ученици „Мини Либи“ и „Либи“,  како и додатни училишни материјали: ранци, прибор за моливи, боици, фломастери, моливи, тетратки, гуми, блок за цртање и друго.

Традиционално, на почетокот на новата учебна 2019/20 година, „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ се заложуваат да ги направат подостапни книгите и училишните материјали до најранливите социјални групи, донирајќи книги, учебници и дидактички помагала. Деновиве, по третпат донираа училишна опрема за деца во социјален ризик, во рамките на добротворната акција „Среќна школска година“ на Здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“.


Во меѓувреме на официјалната страница на филмот, honeyland.earth сè уште е актуелна и кампањата за поддршка на протагонистите во „Медена земја“. Со нарачана тегличка од чудесното и вкусно злато на „Медена земја“, чија приказна започна да го менува светот, може да се придонесе во донаторската кампања.

„Арс Ламина“ е горд поддржувач на македонскиот победник на „Санденс“ и национален кандидат за „Оскар“ – „Медена земја“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.