„Арс Ламина“ и „Литература.мк“ донираа училишна опрема во добротворната акција „Среќна школска година“ на „Проект среќа“

Традиционално, на почетокот на учебната година, издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“ донираа училишна опрема за деца во социјален ризик, во рамките на добротворната акција „Среќна школска година 2019“ на Здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“. Донацијата содржи едукативни помагала и училишни материјали, како и списанијата за ученици „Мини Либи“ и „Либи“.
Донаторските пакети беа врачени вчера на „Проект Среќа“, по што ќе бидат поделени на ученици од социјално загрозени семејства.

Меѓу другото, за децата се наменети: тематски читанки и вежбанки, како дополнителен прирачен материјал за наставата во основните училишта, геометриски блокчиња, моливи, гуми и примероци од списанијата „Мини Либи“ и „Либи“.
Донацијата ќе им го олесни финансискиот товар на многуте родители кои, за жал, не се во можност да им овозможат на своите деца нова школска опрема на почетокот на оваа училишна година.


Ова е трета година по ред како книжарницата „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ го поддржуваат донаторскиот повик на „Проект Среќа“, под мотото дека „секое дете треба среќно да ја почне учебната година“. На почетокот на новата учебна 2019/20 година „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ се заложуваат да ги направат подостапни училишните материјали до најранливите социјални групи, донирајќи книги, учебници и дидактички помагала. Минатата недела издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ подари книги и училиштен материјал за децата – протагонисти во документарниот филм „Медена земја“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.