„Медена земја“ е најдобар документарец според публиката на „Сараевскиот филмски фестивал“

Публиката на „Сараевскиот филмски фестивал“ го избра „Медена земја“ (Honeyland) за најдобар документарец. Според гласовите на гледачите, македонскиот документарец доби вкупна оценка од 4.85, со што стана и најдобро оценет филм прикажан на фестивалот.
„Медена земја“ премиерно беше прикажан на 17 август во рамки на 25. издание на „Сараевскиот филмски фестивал“. Публиката во преполната сала во сараевскиот „Мултиплекс синема сити“ со одушевување, долг аплауз и овации ја поздрави екипата која присуствуваше на проекцијата: режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котевска, снимателот Самир Љума и главната протагонистка на филмот – Атиџе.
Официјалната македонска премиера на документарецот ќе се одржи на 28 август (среда) во Куршумли ан, на затворањето на 10. издание на фестивалот за документарни филмови „Македокс“. Истиот ден, во рамки на фестивалот, ќе има проекција и во Младинскиот културен центар.
Пoчнувајќи од 29 август, македонскиот победник на „Санденс“, ќе се најде на редовниот репертоар во скопското мултиплекс-кино „Синеплекс“ во „Скопје сити мол“. Влезниците за кинопроекциите се веќе во продажба.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.