„Што и да те прави среќен“ од Вилијам Сатклиф на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

Книжевниот хит „Што и да те прави среќен“ од Вилијам Сатклиф излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за исклучително духовит роман, во кој се преплетуваат љубовта, згодите и страдањата на три компликувани семејства. Според романот е снимен новиот филм „Otherhood“, кој деновиве имаше премиера на „Нетфликс”.

Приказната се движи околу трите мајки Џилијан, Хелен и Керол, кои живеат во едно предградие и со години редовно пијат кафе заедно. Нивните синови сега се неоженети триесет и четиригодишници, без деца, никогаш не им се јавуваат и, се чини, никогаш нема да пораснат. Керол предложува секоја од нив ненадејно да го посети својот син, да помине со него една недела и да открие која е вистинската причина поради која не е во состојба да води одговорен живот на возрасна личност.

Мет, Пол и Даниел се три целосно различни личности. Единствено, заедничка им е паниката што ја чувствуваат кога ќе сфатат дека нивните мајки, и покрај нивното противење, решаваат да ги преземат нивните животи во свои раце. Резултатот ќе биде неочекуван, како за мајките, така и за синовите.

Книгата e достапна во книжарниците на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, во Градскиот трговски центар ‒ Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40, а може да се нарачаат и онлајн, на следниот линк.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.