Седум книги за патување што треба да ги прочитате овој месец

Секое патување започнува со еден чекор. Потребно е да излезете од комфорната зона – тогаш почнуваат авантурите. Често патувањата почнуваат со читање инспиративна книга која ќе ве поттикне да појдете на некое место каде што претходно не сте биле. Богатството што ќе го откриете со секое патување е непроценливо, а искуството – неповторливо. Ви претставуваме избор од седум книги и еден прирачник за патување со кои може да го почнете своето следно патување.

Книжевниот водич за патување го почнуваме со Париз, заедно со романите од нашата авторка Јана Мишо: „Анаис од Монмартр“ и „Скоро парижанка“. Книгите се проследени со прирачник и дневник за патување во градот на светлината: „Како се оди во Париз“ .
Читањето книга е патување само по себе, само треба да се направи тој прв чекор.

1. „Анаис од Монмартр“ од Јана Мишо


Со куфер во едната рака и транспортер за мачки во другата, Анаис Мишел доаѓа во Париз со амбиција да ја пронајде личноста што еднаш ја напушти – себеси. Но, нештата не се такви какви што ги остави некогаш. Нова маќеа, заборавен пријател и нескротлив страв од тоа „што ако не постои професија што може да ме направи среќна“, водат до серија неочекувани настани, вино, кафе и комплициран однос со еден… дечко. Сериозно, колку може да е тешко да се пронајдеш во град како Париз? Би се изненадиле.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

2. „La vida de la Habana / Животот во Хавана“ од Роберто Брсакоски  

Колоритниот и динамичен главен град на Куба, Хавана, е во фокусот на книгата со фотографии „Животот во Хавана“ од  Роберто Брсакоски. Во април 2017 година,  резервирајќи пат и престој преку интернет, самиот со себе, облагороден со својот фотоапарат, авторот тргнува на двонеделен престој во Хавана. Тоа што за тие 14 денови го видел и го доживеал во Хавана го забелеал со својот „канон“. Кубанците се постојано присутни во речиси секој кадар на фотографиите. Најобични луѓе во најразновидно опкружување што импресионира со својот колонијалистички стил што се распаѓа во времето и просторот. Оваа импресивна фотоколор-монографија „La Vida De La Habana“ (Животот во Хавана) тематски, фотографски е поделена на четири фотоедиции по триесетина колор-фотографии насловени „Луѓе“, „Улици“, „Возила“ и „Архитектура“.

Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

3. Приказната за „Ербиенби“ од Ли Галагер


Ова е извонредна приказна за создавањето и за развојот на „Ербиенби“, онлајн-платформа за изнајмување соби за престој, што денес е најголемиот провајдер на сместување ширум светот. На почетокот е само откачена идеја на соосновачите Брајан Чески, Џо Гебија и Нејтан Блечарзик, а сега е незаменлива алатка на милиони домаќини и патници. Уредничката на „Форчун“, Ли Галагер, ни го претставува зародишот на оваа идеја и срцевината на феноменот наречен „Ербиенби“ – успесите, но и контроверзиите – и нè води зад кулисите кога младите извршни директори се пробиваат низ неистражени територии што незапирливо се шират. Динамично, забавно нурнувaње во една од најзнаменитите компании на нашето време. Преку бајката за ’Ербиенби‘, Ли Галагер ни покажува како споделувачката економија може да биде моторна сила за емоционално врзување – како и за општествено и бизнис раздрмување.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

4. „Сребрениот куфер“ од Тери Тод

Во 1939 година, кога Канада е пред влегување во Втората светска војна, седумнаесетгодишната Корнелија се справува со смртта на мајка си. Како што надоаѓа нова трагедија што ѝ дава уште повеќе причини за да ја негира верата на своите родители, се појавува неочекуван посетител кој ќе го смени текот на нејзиниот живот. Сама, со тешко бреме и уште поголема тајна, таа носи одлука што ќе ја прогонува низ целиот живот. Настаните од овој бурен период единствено ќе му ги довери на својот дневник, кој ќе ѝ биде замена за пријател и за молитва.
Многу децении подоцна, внуката на Корнелија, Бенита, минува низ лична криза, доживувајќи неколку загуби во само една недела, вклучувајќи ја и смртта на саканата баба. Емоционалниот и финансиски стрес што следува си го зема данокот од нејзиниот сопруг Кен, кој е невработен. На работ на развод, таа го открива дневникот на Корнелија. Со помош на дневникот, Бенита ќе појде на неочекувано патување што ќе ѝ донесе радост, исцелување и верба.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

5. „Кратка теорија за патувањето и пустината“ од Кристијан Крусат

Шесте приказни од Кратка теорија за патувањето и пустината го разгледуваат целосниот опсег на човековото искуство. Нè носат на патување околу светот, од сувите пејзажи на медитеранскиот брег, до делото на брилијантниот српски писател Милорад Павиќ. Сите ликови ја исчекуваат, бараат или истражуваат можноста за откровение што никогаш не се појавува во нивното вкочането „тука и сега“. А сепак, парадоксално, изгледаат неспособни да преземат какво и да е ефикасно дејствување, со можниот исклучок на Лена, која пишува од лебдечкиот свет на соништата. Според мистиците суфисти, душата е жедна за промена, а неподвижноста може да се почувствува како бавна смрт што може да доползи секаде: да се појави на патишта, на напуштени паркинзи или хотели преполни со туристи (пустината на модерниот свет). Сепак, дали по игра на судбината или само како шанса (небитен инцидент, онесвестување на нудистичка плажа, авионска несреќа што никогаш и не се случила) можат додека да трепнеш да го откријат вистинското лице на отуѓеноста на ликот.
Благодарение на неверојатната разновидна проза, номадскиот стил, што се приспособува на различни духовни, физички или замислени места од секоја приказна и на кревката индивидуалност на нивните жители, Крусат ги води овие одвеани ликови низ амбисот на стравовите, сомневањето во себе и копнежите што го сочинуваат модерниот свет.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

6. „Сопруга на хартија“ од Лајла Ибрахим


Јужна Кина, 1923 година. Очајни да ѝ обезбедат иднина, родителите на Меј Линг договараат нејзин брак со вдовец кој живее во Калифорнија. За да влезе во земјата, Меј Линг мора да се преправа дека е првата сопруга на својот сопруг ‒ сопруга на хартија. За време на опасното патување, Меј Линг прима под своја закрила девојче ‒ сирак по име Сју. Соништата за подобар живот во Америка ѝ даваат сила на Меј Линг да ги издржи мачното патување и држењето во изoлација на островот Енџел. Но, кога конечно ќе стигне во Сан Франциско ја чека изненадување…
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

7. „Скоро парижанка“ од Јана Мишо


Девојка во бајковита љубовна врска со Париз, живее совршено уреден живот во нејзиниот стан на „Гар ду Нор“, со прекрасна работа и со многу кафе. Сепак, едно истурено кафе, една загубена работа и една мала поплава подоцна, и се чини дека Париз не е секогаш најдобрата идеја – особено што секоја пригода ја користи да се подбива со хероината. Ѝ подметнува комплицирани врски, еден случаен татковски расположен лик и една незамислива симпатија кон човек што дотогаш не го ни забележувала… одличен рецепт за активирање на еден куп мали проблеми.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

Книгите се достапни во книжарниците на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, во Градскиот трговски центар ‒ Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40 . А може да се нарачаат и онлајн, преку Literatura.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.