„Поетска ноќ во Велестово“ посветена на поезијата на Иван Џепароски и цртежите на Воскресија Андреевска

 

Во охридското село Велестово на 16 август ќе биде отворена 31. „Поетска ноќ во Велестово“, годинава посветена на поезијата на Иван Џепароски и цртежите на Воскресија Андреевска. По пауза од една година, манифестацијата е повторно интернационална и ќе има гости од Бугарија и од Ирска. Отворањето на 16 август ќе биде во 21 часот со настап на вокалистката Евгенија Здравевска (Зарина Првасевда) и Александар Петров како специјална придружба на тапан.

За делото на Иван Џепароски ќе говори проф. д-р Наташа Аврамоска, а стихови од неговата поезија ќе чита актерот Владимир Јачев. На првата поетска вечер од 22 часот во тремот на црквата „Успение на Св. Богородица“ во Велестово ќе биде отворена и изложба на академскиот сликар Воскресија Андреевска.

„Поетска ноќ во Велестово“ годинава ќе биде посветена на поезијата на Иван Џепароски

Следниот ден (17 август) од 12 часот во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи настанот „Поезија напладне“ посветен на творештвото на Поли Муканова од Бугарија, а истиот ден од 19.30 часот во кафе-барот „Шила“ во Охрид ќе биде промовирана стихозбирката „Жалба до Музата“ од Џери Марфи од Ирска, во избор и препев на Јулијана Величковска, издание на „ПНВ Публикации“ од Скопје. Книгата ќе ја промовира проф. д-р Димитар Пандев, а стиховите на македонски ќе ги чита актерот Јован Цветкоски.

На третата и завршна поетска вечер (18 август) од 20.30 часот во Куќата на Уранија во Охрид во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“ ќе биде претставен романот „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова, кој ја доби наградата „Роман на годината“ за 2018 г., со што ќе заврши годинашната, 31. „Поетска ноќ во Велестово“.

 

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.