Се снима ТВ-серија по лектирата „Зоки Поки“

Лектирата за второ одделение „Зоки Поки“ од писателката Оливера Николова, која е првично објавена во 1963 година, ќе добие екранизирана верзија. Во продукција на „Кино око“ деновиве, во скопското основно училиште „Петар Поп Арсов“ почна снимањето на ТВ-серија во 10 епизоди со популарниот детски лик со кој израснаа многу генерации.
Се работи за модерна екранизација на лектирата, во режија на Александар Поповски и Марија Апчевска, Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. На кастингот кој се одржа во мај се пријавиле повеќе од 200 кандидати за улогата на Зоки Поки и неговата дружина. Од продукцијата велат дека се задоволни од направениот избор, а јавноста дополнително ќе биде информирана за актерите кои ќе ги толкуваат улогите на Зоки Поки, Лидија, Боки, Гоки…
– Денешниот Зоки Поки ќе биде соодветен на времето во кое живееме по форма и естетика, но вредностите и пораките проткаени низ неговите авантури ќе останат чисти и недопрени, со верба дека ќе успеат да го пронајдат патот до срцата и на генерациите што доаѓаат – велат од „Кино око“.
Повеќе од половина век книгата „Зоки Поки“ на Оливера Николова е задолжителна лектира за учениците во македонските основни училишта. Преведена е на српски, романски, украински, чешки, италијански, словенечки, турски, албански и на германски јазик.
Снимањето на десетте епизоди на „Зоки Поки“ ќе трае до 13 септември на повеќе локации во Скопје. Отворен е и хаштагот #ЗокиПоки и сите што ја имаат лектирата може да споделат фотографии. Најпознатата детска лектира „Зоки Поки“ станува ТВ-серија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.