Конкурс за наградата „Антево перо“ за необјавена поетска книга

До 25 август е отворен Конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ востановена во чест на творештвото на Анте Поповски, која се доделува за необјавена поетска книга на македонски јазик. Наградата „Антево перо“ за 2019 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис).
На Конкурсот можат да се јават сите автори кои имаат необјавена збирка поезија на македонски јазик, без разлика на националноста, возраста, литературниот „стаж“ или државата во која живеат. Наградата се состои во непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата, на корицата од книгата, и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот.

Книгата ќе биде квалитетно претставена и промовирана со посебен осврт од наш истакнат литературен творец во рамките на самата манифестација.
Кандидатите треба своите ракописи да ги достават во електронска форма, во пдф-формат или ворд-формат на електронската адреса: antevopero@gmail.com, заклучно со 25 август 2019 година.
Ракописот може да го достават под свое име и презиме или под шифра. Во вториов случај, авторството го докажуваат со копија од ракописот, по објавувањето на резултатите.
Кандидатите не мора да го чекаат последниот рок, затоа што Комисијата ќе ги прегледува пристигнатите поетски збирки сукцесивно, онака како што пристигнуваат.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.