Тамара Котевска, ко-режисерката на „Медена земја“, потпиша за агенцијата за таленти UTA

Режисерката Тамара Котевска, која е една од авторите на македонскиот победник на „Санденс“, документарецот „Медена земја“ (Honeyland), потпиша договор со американската агенција за таленти, United Talent Agency (UTA). Агенцијата со седиште во Беверли Хилс, Калифорнија, застапува уметници, изведувачи, брендови и млади поедници од областа на филмот, забавата, телевизијата, музиката, книжевноста, дигиталната индустрија и друго.

Котевска е во претпродукција со нејзиниот нов игран филм „Човек против стадо“ (Man vs. Flock). Таа ги режираше и ги напиша сценаријата за кратките филмови: „Закон на шепите“ (Paw Law), „Куќа на карпест пат“ (House on a Rocky Road), „Игри“ (Games) и „Бесплатни прегратки“ (Free Hugs).
Заедно со Љубомир Стефанов го режираше документарецот „Медена земја“ (Honeyland), кој беше прогласен за најдобар на филмскиот фестивал „Санденс“. Филмот освои и многубројни други награди на светските филмски фестивали, а постојано добива позитивни оценки од фимските критичари и од публиката.

Oд 26 јули документарецот се прикажува во кината во САД, застапуван од американската компанија за производство и дистрибуција на филмови „Неон“, која ги откупи правата за прикажување во Северна Америка.
Кон крајот на август ќе биде прикажан пред домашната публика, на најголемиот фестивал за документарни филмови кај нас, „Македокс“, по што ќе се најде на редовниот репертоар во скопските кина.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.