Почина американската писателка Тони Морисон


„Ако сакате да летате, морате да се ослободите од тоа нешто што ве задржува долу“- Тони Морисон.

Американска писателка, добитничка на Нобеловата награда за литература, Тони Морисон почина во понеделникот (5 август 2019 г.) на 88-годишна возраст.
Авторката, чие вистинското име е Клое Ентони Вофорд, е родена на 18 февруари 1931, Лорен, Охајо, САД. Во 1953 година завршила на универзитетот „Хауард“, а во 1965 година била уредничка во книгоиздаваштвото „Рендом Хауз“ во Њујорк. Од 1989 година била професорка по хуманитарни науки на Пристонскиот универзитет, Њу Џерси.

„Молчењето ни било долго и длабоко“, вели Морисон. Барајќи ја врската меѓу сегашноста и минатото, Морисон раскажува за ликот на Афроамериканците, принудени да ги поднесуваат ужасите на ропството и ексцесите на расизмот. Била членка на Американската академија за уметност и литература.

„Ако има книга која сакате да ја прочитате, но не е напишана сѐ уште, тогаш седнете и напишете ја“ – Тони Морисон

Како писателка Морисон дебитирала со романот „Најсиното око“ (1970). Авторка е на уште пет романи, меѓу кои се „Песна на Соломон“ (1978), „Љубена“ (1987), за кој доби Пулицерова награда, „Џез“ (1992), „Рај“ (1997), „Дом“ (2012), „Господе, помогни му на детето“ (2015) и други. Таа е првата афроамериканска добитничка на Нобелова награда за литература, која ја доби во 1993 година за романите што се одликуваат со поетски талент и ја опишуваат суштествената страна на американската реалност.

„Ние умираме. Тоа му дава значење на животот. Но, исто така и зборуваме. Тоа го вреднува нашиот живот?“ – со овие зборови Морисон се обрати при доделувањето на Нобеловата награда.

Извор: vulture.com

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.