Kонкурси за поезија и плакат за фестивалот „100 Илјади поети за промена“

Фестивалот „100 Илјади поети за промена“ во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распиша конкурси за поезија и плакат за своето деветто издание. Поезијата треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми што се поврзани со промените, глобално, но и локално. Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на фејсбук-профилот на оваа манифестација или на poetizapromena@gmail.com најдоцна до 1 септември 2019 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата што ја одредува организацискиот одбор и здружението. Селектираните автори потоа ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, што ќе биде издаден во склоп на манифестација.
Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 Илјади поети за промена“. Ваков конкурс се организира веќе деветта година, односно колку што се организира и оваа манифестација во светот.
Покрај ова, организаторите објавија конкурс и за дизајнерско решение на постери/плакати што ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот. Тематски тие може да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот… Дизајнерските решенија може да се испраќаат на истиот мејл или на фејсбук-профилот на оваа манифестација најдоцна до 1 септември 2019 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата што ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението.
Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, на 28 септември 2019 година во Струмица.
Манифестацијата „100 Илјади поети за промена“ е меѓународна и се одржува во повеќе земји во светот. Нашата држава е дел од неа уште од самиот почеток, а организирањето е поддржано од Општина Струмица.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.