Соња Стојменска-Елзесер: Време е писателите да дојдат до израз

Соња Стојменска-Елзесер е есеистка, критичарка и теоретичарка од областа на книжевноста. Докторка по филолошки науки, професорка и научна советничка во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа е членка на македонскиот ПЕН и актуелна претседателка на Друштвото на писателите на Македонија.
Во интервјуто за „Астрорум“ зборува за предизвиците што ги носи позицијата – претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
– Се трудам да ја оправдам нивната доверба. Сакам да обезбедам „клима“ во која ќе дојдат до израз писателите – вели таа во разговорот.


Ги анализира и актуелните случувања на наша книжевна сцена и зборува за најзначајните моменти од својата кариера во областа на книжевноста.
Вели дека е среќна што ја работи оваа, благородна работа. Има голема почит кон хартијата, односно кон пишаниот збор и нагласува дека секој што ќе реши да пишува треба да ја има таа почит. Иако хартијата трпи сѐ, пред да се објави нешто потребно е многу, многу труд и работа.


Д-р Соња Стојменска-Елзесер (1963) работи како научен советник и професор во Институтот за македонска литература во Скопје, во Одделението за теорија на литературата и компаративна книжевност. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (1986). На истиот факултет го одбранила магистерскиот труд „Теориско-методолошките начела на Михаил Бахтин“ (1995) и докторската дисертација на тема „Лудистички постапки во современиот расказ“ (2003).
Во Институтот за македонска литература работи од 1988 година. Во периодот 1997–2000 работела како лектор по македонски јазик и литература на Карловиот Универзитет во Прага, Република Чешка. Во 2003 г. е избрана за научен соработник, во 2006 за виш научен соработник, а во 2011 за научен советник во истото одделение.


Авторка е на книгите: „Пулсирачка филологија“ (1997), „Игропис: есеи за книжевниот лудизам“ (2004), „Споредбена славистика“ (2005), „Гризни го јаболкото: антологија на македонската еротска проза“ (2006), „Компаративна книжевност“ (2007), „Еквилибриум/Equilibrium“ (2009), „Со посвета“ (2013), „(Не)секојдневни љубопитства“ (2018).
Го подготвила и напишала предговорот за изборот од поезијата на Богомил Ѓузел, „Остров на копно“ (едиција 130 тома македонска книжевност, 2008), а коавтор е и на учебникот Компаративна книжевност (2004). Главен уредник е на научното списание „Контекст/Context“, кое објавува прилози на македонски и на англиски јазик.
Преведува од англиски, руски и чешки јазик, главно теориска литература: меѓу другото, превела статии од Бахтин – од руски, од Лис Иригаре, Стивен Тотоси де Цепетнек и др. – од англиски, а во последно време преведува романи од чешки јазик.
Член е на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност, на Националниот славистички комитет на Македонија и на Друштвото на писателите на Македонија. Во април 2018 г. е избрана за претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Раководител е на докторските студии при ИМЛ.


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.