Маги ја чита книгата „Магично дрво: Црвеното столче“ од Анджеј Малешка

Какво е тоа магично дрво? Како настанало црвеното столче? Што може да направи? Кои се главните ликови? Какви авантури им се случуваат?… Маги, помладата сестричка од проектот „Читаме со Марија и Маги“ во новото видео зборува за своите впечатоци од детскиот бестселер „Магично дрво: Црвеното столче“ од полскиот автор Анджеј Малешка.


Станува збор за неверојатни авантури, опасности и магии… Мост од светлина и големо цунами. Летачка куќа, џиновски лав и сто магични кучиња! Фантастична приказна за деца кои пронашле столче што исполнува желби. И оние добрите и оние лошите…
Романот е добитник на наградата на Меѓународниот совет за книги за млади – IBBY, за најдобра книга за млади читатели.
Врз основа на приказните од „Магично дрво“ создаден е светски познатиот филмски циклус, кој е добитник на наградата „Еми“ – за фантазија, мудрост и хумор.

Aнджеј Малешка, филмски режисер, автор на романи и сценарија. Добитник е на многу меѓународни фестивалски награди. Неговите филмови и романи полни се со фантастични авантури. А истовремено раскажуваат и за многу важни работи.
Книгата е во превод на Ѕвонко Димоски, а е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Во видеото Маги ги открива и своите желби до волшебното црвено столче и ве прашува и што би посакале, но, внимавајте, столчето може многу буквално да ве сфати :).

Книгата „Магично дрво: Црвеното столче“ е достапна во книжарниците „Литература.мк“, на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, во Градскиот трговски центар ‒ Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40., а може да се нарача и на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.