„Литература.мк“ почна нова книжевна приказна во ГТЦ

Во присуство на многубројни љубители на книгата и автори, со пригоден коктел, слатки изненадувања и попусти, вчеравечер (31 јули 2019) беше отворена новата книжарница на „Литература.мк“ во Градски трговски центар во Скопје (ГТЦ). Симпатичниот продажен простор, уреден според најновите трендови за продажба на книги, е лоциран на приземјето, до фотостудио „Бимбо“.

Ова е шеста книжарница на „Литература.мк“, по веќе препознатливите продажни места на улицата „Македонија“, во „Скопје сити мол“, ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“ во Скопје и на „Широк Сокак“ во Битола.

„Литература.мк“ носи нова литературна свежина во едно од најпосетените места во Скопје. Ќе продолжи да ги пласира светските книжарски трендови, со изданија за целото семејство. Во понудата се познати домашни и светски наслови, од најголемите издавачки куќи кај нас. На полиците е застапен голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, на повеќе јазици.

Почнувајќи од 31 јули, продажниот простор на „Литература.мк“ ќе работи согласно работното време на ГТЦ, од понеделник до петок од 9 до 21 часот, а во сабота од 9 до 17 часот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.