„Литература.мк“ доби сертификат за фер однос кон потрошувачите

„Литература.мк“ (ДПТУ Супрема ДОО) го доби сертификатот „Фер со потрошувачот“, што се доделува на компании со јасно дефинирани правила за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, со фер практики при информирање, рекламирање и склопување договори. Компанијата ги исполнува и критериумите за техничка поддршка и решавање на поплаки, заштита на личните податоци и приватноста, едукација и совесност на потрошувачите, како и совесна и одржлива потрошувачка.
Серификатите беа доделени деновиве во хотелот „Александар палас“, а истите се со важност до јули 2022 година. Со вакова доплома се стекнаа 45 компании во нашата земја.

Сертификацијата на компаниите е финансирана од Европската Унија во рамки на проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“, што го спроведуваат Организацијата на потрошувачите (ОПМ), ЗБК „Креација“ и асоцијацијата „Зенит“.
Сертификатот се издава од сертификациско тело креирано од трите организации со повеќегодишно искуство при заштита на потрошувачите и унапредување на конкурентноста на македонската економија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.