Потпирачи за книги можеби звучи како некој непотребен детаљ за во домашната библиотека, кој само ќе собира прав или ќе го пренатрупа просторот. Но, откако еднаш ќе почнете да ги подредувате книгите со нив, ќе сфатите колку ви се неопходни. Посебно се корисни за полиците кои се отворени или поставени над некој кршилив дел, каде што има опасност книгите да паднат. Можат да се употребат и за подредување на книгите на работната маса, или пак во соба каде што нема специјализирани полици. Тие се користат за потпирање на одреден куп книги или, пак, на цел ред, во зависност од потребите. Се поставуваат од двете страни на книгата, односно редот со книги.
Покрај тоа што се корисни, потпирачите на книги може да бидат и симпатичен, стилски украс на домот. Ви претставуваме неколку интересни дизајни на потпирачи, што ќе го разубават просторот и ќе му дадат нов шарм.
Извор: МyМodernМet