Беатрикс Потер – Убавините на природата овековечени во безвремената приказна за зајaчето Питер

Има нешто примамливо во пишувањето на првите зборови од приказната. Никогаш не знаете каде ќе ве одведат Беатрикс Потер

Инспирирана од природата, легендарната британска авторка за деца Беатрикс Потер ги напишала и илустрирала своите најпознати книги. Љубовта кон растенијата и животните ја овековечила во своите 28 безвремени детски приказни, меѓу кои и за Зајачето Питер – кој и денеска е еден од најомилените ликови од литературата за деца. Интересно е што позадината на овие приказни е научна. Како? Имено, авторката пред да ги напише/нацрта своите најпознати книги, како голема љубителка на природата, ги истражувала растенијата и животните.

 

Хелен Беатрикс Потер е родена на 28 јули 1866 година го Лондон. Авторката водела таен дневник во периодот помеѓу 1881 и 1897 година, во кој пишувала со кодови, што самата ги измислила. Многу години подоцна тие биле дешифрирани.

Потер поголемиот дел од своето време го посветила на изучување на историјата на природата, а во 1896 година, дури и развила своја теорија за тоа како репродуцираат спорите на габите, пишувајќи труд под наслов „За ’ртење на спорите на Agaricineae“. Нејзините илустрации биле вклучени во книгата на микологот В. П. К Финлеј.

Во 1909 година Потер купила имот во националниот парк „Лејк Дистрикт“ (Северозападна Англија), за да го заштити од уништување. Неколку години подоцна основала медицински фонд, за да ја подобри здравствената заштита на локалното население, а купила фарма со заболени овци, за да ја возобнови. По нејзината смрт на 22 декември 1943 година своите 15 фарми и 4000 хектари земја ги оставила на Националната фондација – на што, во голема мера, се должи и заштитата на Националниот парк „Лејк Дистрикт“. Интересно е што пред неколку години во нејзина чест беше именуван и еден астрероид, 13975 Beatrixpotter.

Покрај илустрациите за нејзините книги имала направено и цртежи за некои од најпознатите приказни за деца: Пепелашка, Заспаната убавица и Алиса во Земјата на чудата. Својата прва книга за деца „Приказната за зајaчето Питер“ ја објавила во 1902 година.

Приказната за зајачето Питер почнала да се развива во 1893 година, кога Потер му пишала писмо на петгодишниот Ноел Мур – петгодишно синче на нејзиниот некогашен учител.

„Драг Ноел, не знам што да ти пишам, затоа ќе ти раскажам приказна за три мали зајачиња, чии имиња се : Флопси, Мопси, Памучно опавче и Питер“… напишала таа. Писмото содржело и илустрации од зајачињата.

Всушност, инспирирана од Питер Пајпер, вистински, палав зајак што го чувале во дворот додека била мала, таа го создала својот најпознат лик.

„Приказната за зајaчето Питер“ ги следи доживувањата на малото немирно зајаче Питер, кое се протнува во градината на господинот Мекгрегор, па почнуваат да му се случуваат секакви неволи. „Приказната за зајaчето Питер“ е една од оние безвремени книги што повеќе од сто години ги плени срцата на децата ширум светот. Следуваат и „Приказната за Бенџамин Зајчевски“ – приказна за братучедот на зајачето Питер – Бенџамин. Во оваа приказна Беатрикс Потер раскажува за авантурите на овие две зајачиња во градината на господинот Мекгрегор и што се случува кога ќе се сретнат со една мачка.

„Приказната за мачето Том“ во која раскажува за Убавка Трепетковска, една вистинска госпоѓа мачка, кога ќе покани гости на чај. Пред да дојдат гостите, таа ќе ги искапе, ќе ги исчешла и ќе ги облече во отмени алишта нејзините три мали мачиња: Ракавичка, Метличка и Мачето Том. Но, г-ѓа Убавка Трепетковска ќе направи една гооолема грешка – ќе ги испрати мачињата да си поиграат надвор во дворот додека да пристигнат гостите. И како што можете да претпоставите, тие ќе западнат во секакви неволи… „Приказната за мачето Том“ од Беатрикс Потер е забавна приказна, но и поучно четиво за малите и не секогаш послушни палавковци.

„Приказната за двете лоши глувчиња“ – приказна за две мошне лошички глувчиња и една преубава куќичка за кукли. Том Палчето и неговата жена Хунка Мунка се глувчиња чијашто дупка излегува во собата на едно малечко девојче. Среде собата се наоѓа една голема и убава куќичка за кукли, а во неа живеат двете куклички – Лусија и Јана. Но, штo се случи кога Лусија и Јана излегоа на прошетка? Какви бељи направија двете лоши глувчиња?

„Приказната за Бенџамин Зајчевски“ е приказна за братучедот на зајачето Питер – Бенџамин.
Во оваа приказна Беатрикс Потер раскажува за авантурите на овие две зајачиња во градината на господинот Мекгрегор и што се случува кога ќе се сретнат со една мачка!

Книгите од Беатрикс Потер на македонски јазик, во издание на „Арс Ламина – публикации“, се достапни во книжарниците на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, Во Градскиот трговски центар ‒ Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40, а може да се нарачаат и онлајн преку literatura.mk.

Извор: Mymodernmet.com

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.