Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама е најценета жена во светот, покажа неодамнешната анкета на YouGov.com. Во истражувањето биле опфатени 42.000 луѓе од 41 земја во светот. Тие се изјасниле дека најмногу ѝ се восхитуваат на сопругата на Барак Обама. На второто место на листата е ТВ-ѕвездата Опра Винфри, трета е актерката Анџелина Џоли, а четврта ‒ британската кралица Елизабета Втора.
Следуваат младата актерка Ема Вотсон, нобеловката Малала Јусафзај и кинеската прва дама и пејачка Пенг Лијуан. Хилари Клинтон е на осмото место, деветта е Ту Јују, десетта ‒ Тејлор Свифт, а поп-пејачката Мадона е на 11. место. Актуелната прва дама на САД, Меланија Трамп е на 19. место, од вкупно 20 жени.
Worlds Most Admired 2019. Our annual series, conducted this year in 41 countries, finds the most admired figures are:
Woman
1. Michelle Obama (+1)
2. Oprah Winfrey (+1)
3. Angelina Jolie (-2)Man
1. Bill Gates (-)
2. Barack Obama (-)
3. Jackie Chan (-)https://t.co/hY0K2Vf8F9 pic.twitter.com/54m4A3H9hu— YouGov (@YouGov) July 18, 2019
https://platform.twitter.com/widgets.js
На листата на најценети мажи на првото место се наоѓа милијардерот и филантроп Бил Гејтс, а втор е Барак Обама. Ѕвездата на акционите филмови Џеки Чен е на третото место.
На анкетата спроведена само со Американци, Барак Обама е прв, пред сегашниот претседател Доналд Трамп, кој пак е на второто место. Кај дамите, пак, американските испитаници ја избраа Мишел Обама, додека Меланија Трамп е на третата позиција.
Мишел Обама е актуелна со автобиографската книга „Becoming: Мојата приказна“, која беше објавена кон крајот на минатата година. Книгата е преведена на над 30 јазици и е продадена во над 10 милиони копии во светски рамки.
Мемоарите на Мишел Обама на македонски јазик се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а достапен е во сите продажни места на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ , „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40.
Книгата може да се нарача и онлајн преку http://www.literatura.mk на следниот линк.
Извор: independent.co.uk