Топ 10 „машки“ книги од нашите полици

Книгата е најлојалниот пријател на човекот. Го следи на сите негови патувања, но и таа го носи во необични авантури, му отвора нови видици и светови. Ја отсликува реалноста, но често е и магичен портал кон фантазијата. Со неа нурнувате во младоста и минатото и се телепортирате кон иднината. Ќе се согласите дека има толку многу интересни книги, за кои во работното секојдневие останува многу малку време да им се посветите. Затоа, одморот често е вистинското време да прочитате добра книга.

Доколку имате дилема кој наслов да го изберете во морето изданија, ви нудиме предлог-листа со топ 10 книги од издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“, соодветни за машките читатели. Понудата содржи книги со различни содржини: политика, спорт, технологија, љубов, бизнис, психологија, наука и авантура. Оваа листа може да помогне и при изборот на добро четиво за на плажа, но и за селекција на интересен подарок за вашиот пријател, партнер или сопруг.

1. „Кој владее со светот?“ ‒ Ноам Чомски

Во оваа продорна и темелна анализа на актуелната меѓународна ситуација, Ноам Чомски истражува како, и покрај подемот на Европа и Азија, САД сè уште ги одредуваат глобалните текови. Повикувајќи се на најразновидни примери, од американското инволвирање во Куба до санкциите против Иран, Чомски ни покажува како декларациите за слобода и демократија честопати не се согласуваат со акциите во вистинскиот свет. Покрај ова, обрнува внимание на изборот на Трамп и што тоа зборува за американското општество. Книгата „Кој владее со светот?“ е жесток напад врз светогледот презентиран од мејнстрим медиуми и како таков е неизоставно четиво за секој што сака да знае повеќе од новинските наслови. Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

2. „Е, баш ме заболе“ ‒ Марк Менсон

Во оваа книга-водич за самопомош, што дефинира една цела генерација, авторот, кој е суперѕвезда во блогерските кругови, не нè замајува со глупости од типот дека треба постојано да се обидуваме да бидеме „позитивни“, за навистина да станеме подобри и посреќни луѓе. Веќе со децении ни се сервира тезата дека позитивното мислење е она клучното што води кон среќен и исполнет живот. Но, Марк Менсон вели: „Море, кој ја ’врти‘ позитивноста. Да бидеме искрени – нештата се зафркнати, но немаме друг избор освен да живееме со нив онакви какви што се“. На неговиот многу популарен блог на интернет, Менсон ниту ја бојадисува стварноста во розово, ниту ја заобиколува. Тој ги изложува работите токму онакви какви што се, што е една вистинска доза необработена, свежа и искрена вистина – нешто што денес навистина ни недостига.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

3. „Солунска 28“ ‒ д-р Неле Карајлиќ

Д-р Неле Карајлиќ со својата дебитантска книга „Фајронт во Сараево“ најави дека е писател на кој сериозно треба да се смета. Тоа го потврди и со својот прв вистински роман „Солунска 28“.
Во книгата се раскажува приказна за едно семејство, која почнува на почетокот на 20. век, кога Живота, кој бега од Прахова, и Босилка, која бега од Австро-Унгарија, се среќаваат во Белград, решаваат да почнат заеднички живот и да основаат семејство. И до ден-денес, и покрај војните, бомбардирањата, пожарите, болестите, промената на режими, национализацијата, приватизацијата и другите потреси, куќата на Живота во Солунската улица го има истиот тој број 28. Спојувајќи ги најдобрите состојки на јужноамериканскиот магиски реализам и сараевскиот нов надреализам, д-р Карајлиќ ни раскажува за историјата на една куќа во Дорќолската улица и нè води во просторот од другата страна на огледалото, на тромеѓата на животот, смртта и вечноста.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

4. „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ ‒ Зоран Михајлов


„Спорт, живот, настани“ не е само носталгична збирка од напишани спомени на истакнатиот и светски признаен спортски новинар и коментатор, Зоран Михајлов. Уште повеќе, оваа книга е паметник на успесите на македонските спортисти, на нивниот натчовечки влог во постигнувањето резултати вредни за светската почит, во поединечните и во групните спортови.
Благодарение на неговиот професионален повик, Михајлов изворно ги пренесува случувањата од спортските борилишта, осврнувајќи се и на историските контексти што оставиле траен печат во домашната и во светската спортска историја. Па, така, оваа книга ќе потсети на многубројните доживувања, на блесоците и падовите, на некои афери без кои како да не се може, на контактите со светските асови, на немилите настани, како минхенската олимпијада во 1972 година, на олимпијадите на кои македонските спортисти ги освоија првите медали.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

5. „Моите изуми“ ‒ Никола Тесла

Малку луѓе во историјата дале толкав придонес кон погодностите на современото секојдневие како Никола Тесла. Неговите дела овозможиле електричната енергија да допре до сите катчиња на нашата планета, а нејзината примена да експлодира во безброј области на човековиот живот – процес кој речиси незапирливо продолжува долги години по неговата смрт. Оставината на Тесла е богата, секогаш актуелна и неисцрпен извор на инспирација. Но, и покрај тоа што влијанието на Тесла е толкаво што е речиси невозможно да се исцрпат епитетите, неговата застапеност во јавниот дискурс е изненадувачки мала, особено во западната културна сфера. Оваа автобиографија дава увид во фасцинантниот внатрешен свет на еден од најголемите гении, но притоа на разбирлив јазик зборува и за техничката природа на неговите изуми. Правејќи го тоа, Тесла на посреден, но уверлив начин ни ја презентира својата визија за еден подобар, поправичен и помирен свет, чија благосостојба не е нуспроизвод на борбата за профит, туку е резултат на искрената, автентична желба за подобар живот на сите, без очекување награда.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

6. „Невидливо“ ‒ Пол Остер

Приказната на „Невидливо“ ја раскажуваат три различни раскажувачи. Романот временски се протега од 1967 до 2007 година и дејството се движи од Морнингсајд хајтс во Њујорк, продолжувајќи во низа случки на левиот брег на Париз, па сè до еден далечен остров на Карибите. Ова е една книга за младешкиот гнев, за незаситноста на сексуалните апетити и за неуморната потрага по правда.
Бескомпромисен во поглед на острината на увидот, Остер нè поведува на патување низ замаглените меѓупростори на вистината и сеќавањето, на границата меѓу авторството и идентитетот, така создавајќи едно дело со незаборавна моќ што ја потврдува неговата репутација на ’еден од најспектакуларно инвентивните американски писатели‘.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

7. „Дигитално злато“ ‒ Натаниел Попер

„Дигитално злато“ е досега најобемната историја на биткоинот и претставува возбудлива приказна наменета како за биткоин-ентузијастите, така и за неупатените во областа на криптовалутите. Ова исклучително читливо и возбудливо четиво ја следи несмасната работа на основачот на „Мт. Гокс“, Марк Карпелес, подемот и падот на „Патот на свилата“ и деловните авантури на биткоин-проповедниците, Роџер Вер и Чарли Шрем. Покрај новинарски прецизните и документирани преданија, книгата содржи и лесно разбирливи објаснувања за техничките, но и за пошироките економски, па и филозофски аспекти на криптовалутите и технологијата на блоковски синџир.
Оваа книга е задолжителна литература за секој што сака да го разбере она што многумина го сметаат за најголем пронајдок после интернетот.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

8. „Распаметен: петнаесет размислувања за креативноста, умот и бизнисот“ ‒ Дејв Бирс

Авторот, говорник, едукатор и консултант, Дејв Бирс, сака да ги демистифицира световите на креативност и иновација. За жал, овие области се натрупани со толку многу митови и глупости, така што повеќето луѓе воопшто не ги разбираат. Дејв објаснува како луѓето и организациите
може да смислат повредни идеи. А дури им помага на некои од бизнисите да го постигнат токму тоа. Голем дел од својата кариера тој го има поминато во помагање да се водат креативните оддели на некои од најголемите и најдобрите рекламни-агенции во Велика Британија, меѓу другите и „Огилви уан“, „Мекен ворлдгруп“, „Поук“ (OgilvyOne, McCann Worldgroup и Poke). Во 2010 година ја напушта индустријата, со цел да го истражува поширокиот свет на идеите. Неговите говори и работилници не само што ги разоткриваат лагите и недоразбирањата во врска со креативноста и иновацијата туку воведуваат и нови методологии, упатства и практични вежби. Тие се фокусирани на тоа да им помогнат на компаниите да ја вградат креативноста во својата култура и да им покажат како да ја применат, со цел да решат реални проблеми од секој бизнис-аспект. Во оваа книга има 15 примери за размислувањето на Дејв Бирс со молив, на интернет-пребарувач, членска книшка од библиотека и тастатура. Некои мисли сигурно се подобри од други. И бидејќи тој секогаш ги предизвикува и ги надградува своите знаења, сигурно ќе најдете и неколку контрадикторности.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

9. „Приказна за мустаќот“ ‒ Тахсин Јуџел

Главниот јунак во „Приказна за мустаќот“ од Тахсин Јуџел е токму еден исклучителен мустаќ што го обојува мирниот живот на едно турско гратче со години, еден мустаќ кој, според многумина, се одделува од неговиот сопственик и живее свој, посебен живот. Жителите на градот во него гледаат и обележје на нивното минато и светол знак на нивната иднина. Берберот кој се грижи за него секој ден го смета за сопствено ремек-дело; според девојките, тој навечер летнува и, влегувајќи низ отворените прозорци, ги посетува во нивните постели; а градскиот поет никако да ги најде вистинските зборови за да го опише и да го опее соодветно.
Што се однесува до неговиот сопственик, како мустаќот станува сè пограндиозен, така тој станува сè поневидлив, понезабележлив, преминува во втор план. Ги губи речиси сите други својства и карактеристики освен онаа на носител на еден монументален мустаќ, дури и самата машкост, но, и покрај тоа, и тој самиот мустаќот го смета за најважен од сè. Единствениот отпор, единствениот противудар во однос на ова, според малкумина, замрачување на умот, доаѓа од неговата сопруга, но стигнува предоцна…
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

10. „Фројд, биолог на умот: зад легендата на психоанализата“ ‒ Френк Џ. Саловеј

Во оваа монументална интелектуална биографија, Френк Саловеј покажува дека Фројд секогаш, и покрај одрекувањата, бил еден „биолог на умот“ и дека
неговите најкреативни инспирации навистина во огромна мера црпат од
биологијата. Саловеј ги анализира политичките аспекти на сложениот мит за Фројд согледан како „психоаналитички херој“ кој му служел на зацврстувањето на аналитичкото движење. Оваа книга претставува револуционерна повторна процена на Фројд и на психоанализата.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

Книгите, кои се во издание на „Арс Ламина“, се достапни во сите продажни места на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ , „Скопје сити мол“, „Веро Центар“ и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Може да се нарачаат и онлајн преку www.literatura.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.