Алан Мур се пензионира


Со години култниот британски стрип-автор Алан Мур најавува дека последниот дел од „Лигата на извонредни господа“ – (The League Of Extraordinary Gentlemen, Volume IV: The Tempest) е всушност негов последен стрип. Сега, откако делото се најде во продажба, Мур ќе се пензионира од пишување стрипови – жанрот во кој направи пресврт.
Шеесет и петгодишниот Мур е автор на суперхеројските изданија „Вочмен“ (Watchmen), „В за вендета / О за одмазда)“ (V for Vendetta), Баладата на Хало Џонс (The Ballad of Halo Jones), „Мочуриште“ (Swamp Thing), „Бетмен: Убиствена шега“ (Batman: The Killing Joke), „Од пеколот“ (From Hell) и друго. Во неговото дело од осумдесеттите, „Чудо од човек“ (Miracleman/Marvelman) го деконструира митот за суперхероите. Но, со тоа инспирира толку многу имитатори кои ги оцрнеа омилените херои на децата, по што Мур се извини повеќе пати.


Мур беше еден од писателите во осумдесеттите години кои докажаа дека стриповите може да се сфатат сериозно. Иако следуваше генерација на издавачи и автори кои научија погрешна лекција од неговите дела. Тие одлучија дека да се биде мрачен и суров е исто што и паметен и добро напишан.
Влијанието на Мур, чиј стил на пишување е нешто помеѓу Стивен Кинг и Џон ле Кар, може да се почувствува насекаде ‒ во поп-културата, литературата, на големото платно, па дури и во политиката. Често е цитиран од медумите и јавните личности, а некои автори откриле дека тој им бил инспирација за пишување. „Ејч-би-о“ (HBO) по завршување на популарната серија „Игра на тронови“ најави дека ќе лансира серија базирана на стрипот „Вочмен“ – кој има продадено милион копии по објавувањето во 1987 година. Движењето „Анонимен“ ја презема маската од Гај Фокс ‒ ликот од „В за вендета / О за одмазда)“, како симболот на современиот бунт.
Инаку, Мур со години е строг критичар на главните стрип-издавачи, особено откако бил измамен, заедно со уметникот Дејв Гибонс (кој ги нацрта илустрациите за „Вочмен“) во врска со правата над овој стрип. Имено, им било ветено дека контролата на правата ќе им бидат пренасочени кога книгата ќе излезе од печат… Но, тоа никогаш не се случило, и веројатно нема ни да се случи.

Извори:
The Guardian
news.avclub

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.