Топ 10 подароци од Македонија

Книгата е траен и вреден подарок. Доколку се двоумите што да им купите на своите гости од странство или, пак, на своите роднини и пријатели кои живеат во друга држава, книгите проткаени со боите, вкусовите, мирисите и духот на македонската традиција, но и на современото живеење, се идеален избор. Покрај уникатните тефтери, магнети, чаши, подлошки и маички од програмата за подароци на „Скрипти“ (Skriptie) кои се достапни во книжарниците на „Литература.мк“, ви нудиме и листа со топ 10 книги и тефтери – како потсетници за убавините на Македонија. Книгите коишто се во издание на „Арс Ламина-публикации“, спакувани во луксузни изданија со тврд повез, ја откриваат природата и архитектурата на нашата земја. Приказните за деца се црпени од богатата ризница со народни приказни, но се пренесени со нарација и илустрации разбирливи и интересни за новите генерации. Рецептите, иако се од традиционалната македонска кујна, сепак се адаптирани за современите домаќини и домаќинки. На листата, покрај книгите има уште пет предлози со уникатни тефрети, со мотиви од Охрид, Скопје, Битола и Крушево.

1. „Најдоброто од македонската кујна“ ‒ Давор Панчевски


Храната е таа што ги спојува луѓето околу трпезата. Низ страниците на овој готвач ќе најдете вкусни појадоци за секое семејство, богати десерти што ги одбележуваат сите родендени, празници и слави, јадења за заедничките неделни ручеци, зимници и разни прилози што се неизоставен дел од македонската кујна… Готвачот „Најдоброто од македонската кујна“ содржи 125 едноставни и вкусни рецепти од македонската традиција што многу лесно ќе се вклопат и во денешниот брз начин на живеење. Во следните страници ви го претставувам старомодното готвење што конечно доби свое модерно освежување.
Книгата е достапна на следниот линк.

2. „Бајки од Македонија за цела година“


Ново луксузно издание – „Бајки од Македонија за цела година“, кое беше промовирано за време на Саемот на книгата 2019, е проект од јавен интерес на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Ова богато илустрирано издание содржи 52 македонски бајки и басни од нашата фолклорна традиција што се читаат во текот на целата година, а читателите се запознаваат со многу нови интересни ликови кои се соочуваат со разни предизвици. Во книгата се сместени најубавите бајки од македонската народна традиција. Дали сте чуле за девојката Злата Позлатена? А за мома Тентелина и волците? Кој ја знае приказната за ламјината ќерка Црнодреха? А сакате ли да дознаете зошто еден кнез се научил да плете кошници? И кој бил змејот од Пелистер? Приказните во оваа книга ќе ја разбудат фантазијата на секое дете кое со возбуда ќе сака да ги прераскажува повторно и повторно.
Книгата е достапна на следниот линк.

3. „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура“– Ерина Богоева

Монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ од Ерина Богоева, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 80-ина фотографии, снимани во временски период од 10 месеци.
Модерната архитектура претставува основна тематска преокупација во новиот циклус фотографии на Богоева. Во нејзиниот фокус се 30 објекти создадени во втората половина на дваесеттиот век, меѓу кои: Управата за хидрометеоролошки работи, Телекомуникацискиот центар, Градски ѕид (блоковите и кулите), студентскиот дом „Гоце Делчев“, Домот на Армијата, Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ и други. Гледано од архитектонска перспектива, Богоева нè навраќа на најважниот период од историјата на развојот на градот – периодот на интензивната постземјотресна обнова
Книгата е достапна на следниот линк.

4. „Македонска традиционална медицина“ – Драган Јованов


Македонија изобилува со прекрасни природни ресурси и разни билки, чиишто лековити својства нашите предци многу рано ги откриле и почнале да ги употребуваат за самолекување. Тие правеле искуствени традиционални билни препарати, со кои го одржувале своето здравје. Во оваа книга е поместена богата листа на лековити билки што растат кај нас, со детален опис на нивната примена во традиционалната медицина. Покрај тоа, дадени се и многубројни природни билни препарати со кои се лекувале нашите предци, собирани од различни извори. Книгата ги дава контурите на многу начини за користење на растенијата во полезен и практичен формат. Билките можат да се користат за тонизирање, лекување и превенција.
Лекувањето со билки не е спротивно на конвенционалната медицина, туку може да се искористи како терапија „во прв чекор“, како начин за едно поприродно оздравување или како дополнување на препишаната терапија. Всушност, и во основата на многу од денешните современи, фармацевтски препарати и лекови се кријат различни билки.
Книгата е достапна на следниот линк.

5. „Бајки од Македонија“


Едицијата „Бајки од Македонија“ е составена од четири бајки, односно македонски волшебни приказни што претставуваат дел од нашата усна традиција. Овие приказни, собрани од Марко Цепенков и Танас Вражиновски, сега се преточени во модерни сликовници, адаптирани на модерен јазик и адаптирани на децата од предучилишна возраст. Илустрациите за „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“, „Девојчето и дванаесетте месеци“ и „Вејко Северко“ ги изработи младата илустраторка Катерина Николовска, чие идејно решение беше избрано за најдобро на јавниот конкурс на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“. Едицијата „Бајки од Македонија“ е последниот проект на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“, а е реализиран во партнерство со „Арс Ламина“. Изборот на бајките беше направен со стручна помош од професор д-р Ермис Лафазановски од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, а бајките ги адаптираше Билјана Црвенковска.
Книгата е достапна на следниот линк.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.