Марија и Маги во „Литература.мк“ ги избраа книгите што ќе ги читаат ова лето


„Девојче и мече“ од Ване Костуранов, „Џиновска продавница за фантазии“ од Бистра Георгиева, „Дружината на борот“ од Снежана Анастасова Чадиковска, серијалот за Исидора Мун од Хариет Мункастер, „Чорапојадци“ од П. Шрут, „Приказната за г-ѓа Тркалезна“ од В. Кастро и Алмеида, „Загадочни приказни“ од Урош Петровиќ и многу други книги во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“ се најдоа на летната листа за читање на Марија и Маги.

Двете сестрички, кои се популаризираа со својот „јутјуб“ канал „Читаме со Марија и Маги“, каде што зборуваат за книгите што ги читаат, неодамна ја посетија книжарницата „Литература.мк“, каде што избраа голем дел од своите омилени наслови.
Меѓу нив е и долгата листа лектири од едицијата „Лесно читливи лектири“: „Хотел за кучиња“ од Лоис Данкан, „Мери Попинс“ од П. Л. Траверс, „Двојната Лота“ од Е. Кестнер, „Мојот пријател А“ од Ј. Владова, „Силјан Штркот“ од Марко Цепенков, „Малиот принц“ од Антоан де Сент-Егзипери, „Малиот стјуарт“ од Е. Б. Вајт и други.

При посетата на книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, не можејќи да дочекаат да пристигнат дома да ги отворат книгите, тие почнаа веднаш да ги разлистуваат. Си фатија добри позиции во просториите на книжарницата и почнаа да ги читаат книгите. Марија почна со „Девојче и мече“, а потоа ги читаше „Џиновска продавница за фантазии“ и „Загадочни приказни“. Прв избор на Маги, пак, беше „Џиновска продавница за фантазии“, по што следеше „Исидора Мун“.

Како дел од својата кампања за негување на читањето и љубовта кон книгите кај најмладите, „Арс Ламина“ пред една години ја почна својата соработка со Марија и Маги.
Марија наесен ќе биде шесто одделение, а Маги – четврто во ОУ „Браќа Миладиновци”, с. Стење, Преспа. Омилено хоби им се книгите, за коишто потоа снимаат видеа каде ги раскажуваат своите впечатоци од прочитаното.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.