Јагода Михајловска – Георгиева: Моите книги се тоа што сум јас

„Животот го живеам онака како што си посакувам… и тоа е благослов“. Со овие зборои познатата писателка, есеистка, филмска критичарка и вљубеничка во планините Јагода Михајловска-Георгиева го почнува разговорот во новото издание на „Астрорум“.
Во интервјуто зборува за тоа како се развил нејзиниот афинитет кон пишувањето. Открива дека нејзин роднина е композиторот и поет – автор на химната на партизанското движење во Македонија „А бре, Македонче“ –Ордан Михајловски – Оцка. Тој бил талентиран пишувач, и од него влече генетски предиспозиции и пасија кон творењето. Љубовта кон јазикот и кон пишувањето дополнително го поттикнала и нејзината мајка, која била просветен работник.

Вели дека отсекогаш сакала да пишува, и дека ако може, сѐ би пренела на хартија. Зборува и за тоа колку има вистина, а колку фикција во нејзните книги.
„Јас за себе мислам дека сум чиста фикција. Сѐ уште неостварена желба ми е да отидам во вселената. Сонувам дека еден ден тоа некако ќе се оствари… Моите книги се тоа што сум јас. Едноставно, тие излегуваат од мене. Дури и кога личи нешто на фикција, не е.“ вели таа.
Во „Астрорум“ зборува и за љубовта кон планините и планинарството. Ги доживува како живи битија, кон кои има огромна почит.

Јагода Михајловска-Георгиева е родена во Скопје на 3 март 1953 година. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на УКИМ. Работела како новинар во неделникот „Пулс“ и како уредник во телевизија „Телма“. Членува во Друштвото на писателите на Македонија од 1990 година и има објавено повеќе книги – раскази и романи за деца и возрасни меѓу кои се: „Мојата кожа“, „Јас, момчето молња“, „Огледала“, „Игбал, мојата тајна“, „Индиго Бомбај“, „Дрско црвен кармин“ и други. За некои од нив е одликувана со престижни награди, како „Рациновото признание“ за романот „Каменот од твојот ден“ и наградата „Роман на годината“ за „Индиго Бомбај“, а за романот „Манастир Фуентерабија“ ѝ беше врачена и наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело за 2017 година од Друштвото на писатели на Македонија.
Интервјуто со Михајловска-Георгиева во „Астрорум“може да го погледнете во целост преку „јутјуб“ каналот на „Литература.мк“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.