„Американски брак“ од Тајари Џонс ја доби „Женската награда за најдобра фикција за 2019 година“


Романот „Американски брак“ од американската авторка Тајари Џонс неодамна ја освои престижната „Женската награда за најдобра фикција за 2019 година“. „Женската награда за фикција“ е една од најпочитуваните и најпознатите книжевни награди, што ја слави најдобрата фикција напишана од жени низ целиот свет. Се доделува еднаш годишно на женски автор од која било националност за најдобар оригинален роман напишан на англиски јазик.
Џонс, со „Американски брак“ успеа да победи две добитнички на „Букеровата награда“, кои беа исто така во конкуренција за „Женската награда за фикција“. Ова признание ѝ донесе 30.000 фунти. Претседателката на жирито, Кејт Вилијамс, рече дека оваа книга „зрачи светлина врз денешната Америка“. Тоа е приказна за неправичноста на општеството кон Афроамериканците и мноштвото познати и непознати импликации на таа неправичност.

Романот, кој раскажува приказна за еден афроамерикански брачен пар, чијшто живот темелно се менува кога сопругот невин завршува во затвор, веќе е светски бестселер. Се најде на престижните листи за најчитани книги, а е препорачана и од влијателни личности како Опра Винфри и Барак Обама.
Книгата ја следи судбината на младиот, амбициозен пар Рој и Селестијал. Рој направил сè како што треба. Израснат во работничко семејство од Луизијана, се изборил за школарина во колеџот „Морхаус“. Кога се оженил за Селестијал, таа веќе напредувала во својата уметничка кариера. Нивната приказна се менува кога Рој ќе биде уапсен за дело што не го извршил. Од затворот во Луизијана, со сопругата разменуваат писма. Во меѓувреме, Селестијал ја обновува врската со стариот пријател Андре…
„Американски брак“ на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а е достапна во сите продажни места на„Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ , „Скопје сити мол“, „Веро Центар“ и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Книгата може да се нарача и онлајн преку http://www.literatura.mk на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13507

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.